09 мај 2009 год.- манастир Успение на Пресвета Богородица,- Матка, Скопје
Запали ја во нашите срца, човекољубив Владико, бесмртната светлина на Твоето богопознание, отвори ги очите на нашиот ум за да ги разбереме Твоите евангелски проповеди , всади го во нас и стравот на Твоите блажени заповеди та победувајќи ги сите телесни похоти да живееме духовен живот, мислејќи и творејќи што Ти е на Тебе угодно.
Денес, кога Светата Црква го слави споменот на светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски и св. Стефан, епископ Пермски , во манастирот Успение на Пресвета Богородица во кањонот на Матка во околината на Скопје, отец Гаврил отслужи Божествена Литургија. Вениот народ се причести со Светите Тајни Христови.