логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Скопје, 3 мај (МИА) - Светскиот ден на слободата на медиумите 3 Мај, кој се одбележува денеска е посветен на фундаменталните принципи за слобода на печатот и одбрана на медиумите од нападите врз нивната независност. Целта е да им се оддде признание и на новинарите кои ги загубија животите вршејќи ја својата професионална должност.

Во вчерашното обраќање по повод одбележување на 3 Мај, генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изрази жалење оти во светот продолжуваат убиствата, заплашувањата и  затворањата на новинари.

- Бројот на напади врз новинари е шокирачки. Според податоци на Комитетот за заштита на новинарите, 41 новинар биле убиени во 2008 година додека ја вршеле својата професија, а 11 се убиени од почетокот на годината, се вели во изјавата на Бан.

Во изјавата се истакнува дека 125 новинари кон крајот на 2008 година се уште се наоѓаат во затвори. Некои од нив се приведени веќе десет години, а три земји - Куба, Кина и Еритреја, носат одговорност за половина од тие случаи на уапсени новинари.

Светскиот ден на слободата на медиумите востановен е во 1993 година од страна на Генералното собрание на ОН по препорака на генералната конференција нa УНЕСКО во 1991 година. На овој ден Светската организација за образование, наука и култура ги собира професионалците новинари од цел свет на конференција со цел да направи пресек на состојбата со новинарството на глобално ниво, да се проговори за кршење на правото на слобода на изразување, но и да потсети дека новинарите секојдневно ги жртвуваат своите животи или се соочуват со затворски казни во напорите да обезбедат информации.

Во чест на Гилермо Кано колумбски новинар кој беше убиен во 1986 година објавувајќи текстови против водачи на нарко мафијата во неговата земја, од 1997 година УНЕСКО ја востанови и Меѓународната награда за слобода на печатот.  Се доделува на заслужни личности, организации или институции за нивниот исклучителен придонес кон одбрана или промоција на слободата на печатот секаде во светот. Годинава посмртно му е доделена на новинарот од Шри Ланка Ласанта Викрематунга, кој беше убиен во јануари.

Здружението на новинарите на Македонија по повод 3 мај – Светскиот ден на слободата на печатот, традиционално ќе се придружи на меѓународната акција  „Пет минути громогласна тишина!“, која годинава ќе ја спроведе под мотото „За достоинство на новинарите, за достоинствена професија“. Сите новинари се повикуваат да ја прекинат симболично својата работа во пет минути до 12 часот, без оглед каде се наоѓаат, во редакција или на терен, а на електронските медиуми да се исклучи програмата со ипишано мото на кајронот. Во печатените медиуми да се одвои простор во кој на црна позадина ќе се испише мотото на протестот и повикот за протест на 4 мај, а во соодветна форма тоа да го одбележат и новинските агенции и медиумите во електронска форма.

ЗНМ в понеделник организира и масовен протест на новинарите на плоштадот „Македонија“ против, како што стои, лошата состојба на македонското новинарство воопшто, за пресудите, притисоците, за политичките влијанија и за платите.

Во Извештајот за 2008 година на невладината организација Фридом Хаус, што е објавен спроти одбележување на Светскиот ден на слободата на медиумите,  Македонија го дели 98. место по слободата на медиумите со Босна и Херцеговина,  со оценка 47. Медиумите во Македонија се уште се оценуваат како „делумно слободни“.

Хрватска е на 81. место во категоријата „делумно слободни медиуми“. Во истата категорија се Бугарија на 76. , Црна Гора на 78. , Србија на 83. и Албанија 101 со оценка 50.

Општа констатаација на Извештајот е дека слободата на медиумите во светски рамки опаѓа веќе седма година по ред и тоа со влошување кое првпат е забележано во сите региони.

Меѓу земјите со најлош статус се Белорусија, Кина, Куба, Иран, Либија, Мианмар, Палестинската територија, Руанда, Туркменистан, Узбекистан и Зимбабве. На последното 195. место е Северна Кореја со оценка 98.

Западна Европа, особено скандинавските земји се на врвот по слободата на медиумите. Прв е Исланд кој има оценка девет, а следуваат Финска и Норвешка со 10. САД го дели 24 место со Чешка и Литванија со оценка 18. ва/9:11


 4.05.09 / 13:13

„Доста е!“ е мотото на мирниот протест на новинарите во Македонија, што се одржа денеска напладне на централниот плоштад во Скопје.

Новинарите од протестот упатија Декларација со барања до судската власт, политичките фактори и до сопствениците на медиумите со предупредување дека доколку тие не бидат исполнети ќе биде организиран нов, порадикален протест.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) е организатор на протестот, а претседателот Роберт Поповски, на собирот предупреди дека се водат над 160 судски спорови против новинари и дека висината на казните што досега се изречени надминува 250 илјади евра.

Од протестот се упатени предупредувања и до политичките фактори кои, на разни начини настојуваат, и за жал, успеваат од новинарите и гласилата да направат свои послушници и „мегафони“.

Новинарите во Македонија со просечна плата од околу 250 евра се најслабо платени во споредба со колегите во државите од регионот. До сопствениците на медиумите беше упатено барање за зголемување на платите и за подобрување на условите за работа.

На протестот, на плоштадот Македонија во Скопје, присуствуваа околу 200 новинари, иако, како што беше речено, во некои редакции имало притисоци новинарите да не учествуваат на протестот. /крај/ р 

 

 

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

« »

Најнови вести

Православен календар

 

18/07/2026 - сабота

Преп. Атанасиј Атонски; Преп. маченик Кипријан Нови; Преп. Лампад; Преподобномаченичка Елисавета Фјодоровна ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули  2026

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули 2026

Ризата беше свечено пренесена и положена во црквата Влахерна. (Оваа црква ја соѕидаа царот Маркијан и царицата Пулхерија на брегот...

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Иако секој од Светите големи апостоли има свој посебен ден за празнување во годината, сепак овој ден Црквата го одреди 

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2026

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2026

Првопрестолни меѓу апостолите и учители на вселената, молете го Владиката на сите,да и дарува мир на вселената,а на нашите души голема милост.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная