Богословскиот факултет во Скопје денеска го одбележа почетокот на новата академска година.
Бруцошите присуствуваа на свечената Aрхиерејска Литургија во црквата Свети Јован Крстител во населбата Капиштец со која чиноначалствуваше Митрополитот Американско - канадски г. Методиј.
- Живејте литургиски, живејте во Литургијата, постојано бидете на Светата Литургија и таму оставете го темелот на своето вистинско знаење и мудрост, им порача г. Методиј на студентите.
Деканот на факултетот, протуѓакон Ратомир Гроздановски нагласи неколку новини во студирањето.
- Годинава одбележуваме 30 години од возобновувањето, очекуваме дека ќе ја добие акредитацијата на Факултетот како државен која е во тек, почнуваме со постдипломски студии и го воведуваме македонското источно пеење, рече Гроздановски.
Секоја година на Богословскиот факултет се запишуваат по 30 редовни и 20 вонредни студенти. мч/вј/15:17
Скопје, 7 октомври (според МИА) -
Посети: {moshits}