логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

По повод Јубилејот 50 години од возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската православна црва, Светиот архиерејски синод ја издаде книгата „ПРЕРАСКАЖАНО ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ДЕЦА“,  во превод на ѓаконот Димче Азески.

Kniga.Evangelie.deca.jpg      Kniga.Evangelie.deca.jpg

Вие, деца, бидете им послушни народителите свои,
во името на Господ, зашто тоа е праведно.
„Почитувај ги својот татко и својата мајка!"
- тоа е првата заповед со ветување,
„За да ти биде добро, и даживееш долго на земјата."
И вие, татковците, не дразнете ги децата свои, туку
подигнувајте ги во воспитанието и науката на Господ.
(Ефес. 6,1-4)

Kniga.Evangelie.deca.jpg

„Оставете ги децата да доаѓаат кај Мене,
и не ги спречувајте,
зашто на таквите е царството Божјо!
Вистина ви велам:
кој нема да го прими царството Божјо како дете,
то ј нема да вдезе во него "

Kniga.Evangelie.deca.jpg  Kniga.Evangelie.deca.jpg

 

Kniga.Evangelie.deca.jpg

Извадок :


Kniga.Evangelie.deca4.jpg

ХРИСТОВОТО СВЕЧЕНО ВЛЕГУВАЊЕ ВО ЕРУСАЛИМ

Другиот ден, Исус со учениците отишол во Ерусалим, за празникот Пасха. На патот за Ерусалим, кога останал сам со учениците, Исус им претскажал: „Еве, се искачуваме кон Ерусалим и се ќе се исполни, што напишале пророците за Синот Човечки: дека ќе биде предаден на незнабошци и ќе се потсмеваат со Него, ќе Го измачуваат и ќе Го плукаат, ќе Го бијат и ќе Го убијат, и на третиот ден ќе воскресне". Учениците, секој момент, очекувале да настапи Јдрството Божјо со кое ќе управува нивниот Учител, додека гие самите ќе седат на дванаесетте престоли. Тие не сакале да товеруваат дека останале само уште неколку денови до оние страшни настани, за кои претскажувал Исус.
Кога се приближиле до Маслиновата гора, Исус им решл на двајца од нив: „Отидете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете врзана магарица и младо магаре со неа, одврзете ги и доведете Ми ги! А ако некој ви рече нешто, кажете му дека Му се потребни на Господ". Учениците отишле и направиле онака, како што им заповедал Господ. Ги донесле магарицата и младото магаре со неа и на нив ги ставиле своите облеки. Исус седнал на магарето и тргнал кон градските порти. Така претскажале и пророците: „Кажете и на ќерката Сионова: ете, твојот цар доаѓа кај тебе кроток и седи на магарица и младо магаре". 
Многу луѓе, коишто од разни краеви на Јудеја дошле во Ерусалим за да го прослават празникот Пасха, излегле да Го пречекаат, зашто сите слушнале за чудото на Лазаревотовоскресение. Едни ги постилале своите облеки по патот пред Него, други со воодушевување Го поздравувале со палмови гранки и викале, велејќи: „Осана на Синот Давидов! Благословен е Оној Кој доаѓа во името Господово! Осана во висините!" (Тоа значи: „Спасението дојде преку Синот Давидов, царот Израилев! Спасението од небесата!") Кога ги слушнале овие извици, фарисеите се вознемириле и му рекле на Исуса: „Учителе, забрани им на учениците Твои!" Меѓутоа, Исус им одговорил дека, доколку народот замолчи, камењата на тој пат громогласно ќе го прославуваат Синот Божји. 
Исус пристигнал кај градската порта и со тага го погледнал овој древен град. Знаел дека луѓето, што сега со радост Го пречекале, ќе го отфрлат и предадат, и дека овој убав и величествен град ќе биде разурнат. Спасителот заплакал и пророчки рекол: „Кога би можел во овој твој ден и ти да го дознаеш она што е потребно за твојот мир! Зашто, ќе дојдат денови за тебе и непријателите твои ќе те опкружат со ровови и ќе те опколат, и ќе те притеснат од сите страни; и ќе те разорат тебе и децата твои во тебе и нема да остават камен на камен од тебе, зашто не си го позна времето кога беше посетен".
Кога Исус Христос влегол во Ерусалим, се раздвижил целиот град. Сите сакале да Го видат големиот пророк и чудотворец. Господ веднаш се упатил кон храмот, кој во текот на тие празнични денови потсетувал на бучен источен пазар. Целиот храм бил зафатен од лакомите трговци и од животните за жртва, се слушале гласовите на оние што продавале и купувале, ѕвечењето (тропањето) на парите, блеењето на стоката. Исус повторно, со гнев и тага од ревност, ги избркал од таму сите трговци, велејќи им: „Домот Мој е дом за молитва, а вие го направивте разбојничка пештера".
По истерувањето на трговците од храмот завладеала тишина. Спасителот го поучувал народот на божествените вистини, а потоа ги исцелил слепите и фатените (сакатите, куците). Првосвештениците и книжниците сакале да Го уапсат, но не можеле, бидејќи народот постојано одел по Него и ги слушал Неговите поуки.

 

Посети: {moshits}

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Само оној, со првенство по духовен авторитет, не боледува од овие детски болести, затоа што - точно ја препознава Божјата волја за себе, па и за другите. 

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

« »

Најнови вести

Православен календар

 

21/07/2026 - вторник

+Светиот великомаченик Прокопиј; Свети Прокопиј Јуродив; Преподобен Теофил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Христова великомаченица Недела  20 јули/7 јули  2026

Тропар на светата Христова великомаченица Недела 20 јули/7 јули 2026

Со непрестајна молитва испросија од Бога едно чедо, оваа Света Недела. Таа од детството Му се посвети себеси на Бога,

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули  2026

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули 2026

Ризата беше свечено пренесена и положена во црквата Влахерна. (Оваа црква ја соѕидаа царот Маркијан и царицата Пулхерија на брегот...

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Иако секој од Светите големи апостоли има свој посебен ден за празнување во годината, сепак овој ден Црквата го одреди 

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная