Марков манастир, 04.03. 2009 г.
Во првата среда од Великиот пост, на 4 март 2009 година, кога Светата Црква го слави споменот на светите апостоли Архип, Филимон и Апфија и преподобен Доситеј во параклисот на апостол и евангелист Марко во Марков манастир( скопско), отец Коста ослужи Литургија на Претходноосветени дарови. На Литургијата верниот народ заедно со сестринството на манастирот, се причестија со Светите Тајни Христови.
Глас 8: Постејќи, браќа, телесно, да постиме и духовно: да раскинеме секаков синџир на неправда; да скршиме секаква врска на суровите страсти; да раскинеме секаков список неправеден. На гладните леб да им дадеме, и бедните без покрив - во домовите да ги воведеме, за да примиме од Христа Бога милост голема.
Посети: {moshits}