На денот кога Светата Црква го празнува крставањето на Нашиот Господ во Јорданските води и потврдувањето на Светата Троица, во храмот на Светиот Георгиј Кратовски во Детроит се отслужи Божествена Литургија и беше извршен Голем водосвет.
Верниот народ од оваа парохија беше удостоен токму на овој голем ден службата да ја води надлежниот архиереј- Митрополитот Методиј.
Меѓу верните беше и генералниот конзул на Р. Македонија- г.Игор Дукоски.
Известува: Марјан Радевски