На денот на Богојавление, по отсужуената Божествена Литургија во храм на св. Димитриј во Скопје, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во солужение на Епископ Хераклејски г. Климент, го изврши чинот на Голем Богојавленски водосвет, по што беше фрлен крстот и беа осветени водите на реката Вардар.
Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан: „Богојавлението е наречено и просвештение, зошто е настан што просветува и помага да ја сфатиме постојаната грижа на Бога за човекот. Богојавлението е настан што постојано поучува како да го љубиме Бога, како да ги сакаме луѓето. Тоа е настан што не' потикнува да се утврдуваме во верата. Богојавлението не' собра и оваа година овде во Скопје, како и во Охрид и Преспа, во Гетеборг, Детроит, Сиднеј и покрај сите води каде што живеат побожните Македонци. Се собравме да празнуваме и да покажеме дека живее традицијата присутна со столетија“ -
„Господ Исус Христос влегувајќи во водата ни го покажал патот кој преку водата води до вечен живот. А водата, односно крштението е вратата преку која се влегува до царството на вечната заедница со Бога. На овој ден, сите македонски води се богојавленски води, а секоја река и езеро, секоја наша вода е македонски Јордан. Се собравме да празнуваме и да покажеме дека трае традицијата присутна со столетија“, истакна поглаварот на МПЦ г.г. Стефан.
На манифестацијата присуствуваше и премиерот Никола Груевски. Градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски на Мирко Петровски му подари златник, а градоначалничката на Општина Центар, Виолета Аларова - икона.
Посети: {moshits}