Кога се јави во Јордан, Спасителу, и кога се крсти од (Јован ) Претеча, Христе, си бил посведочен за возљубен Син. Затоа се покажа и како собеспочетен на Отецот, а Светиот Дух на Тебе слегуваше. Од Него, пак просветлени викавме: Слава му на Бога Кој е во Троица.
Денес, на празникот Богојавление, Поглаварот на Македонската Православна Црква г.г. Стефан во солужение на Епископот Хераклејски г. Климент, отслужи Божествена Литургија во храмот на св. вмч. Димитриј во Скопје.
Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.
Посети: {moshits}