логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Друга Визура“ (15.01.2009)

 

Во издание на „Премин“ излезе од печат книгата „Друга визура“ од Сестра Макрина. Книгата е зборник на текстови објавувани во печатени и електронски медиуми.

 

Предговор

 Теологија на ведрата човечка мера


Постои едно раширено убедување кај обичните луѓе дека теологијата е наука за највозвишеното. Тоа, се разбира, е точно. Но, тоа убедување многу често се меша со едно друго, погрешно: имено, дека теологијата можат да ја разберат само “специјалисти” и дека таа е разбирлива само за елитен круг на екстремно теолошки образовани луѓе. Притоа, се заборава дека теологијата не е само наука за Бога, туку и за божественото воопшто. А бидејќи едно зрно на божественост е посеано во сите нас (и чека, преку Христа и нашата љубов кон Него да биде откриено и да из’рти), теологијата станува наука и за нас, луѓето. И токму затоа што Бог е во сè и во секој од нас, теологијата не мора да биде привилегија само на оние со богат ум, туку и на оние со длабоко срце. Највозвишеното во теологијата не му е неподобно на човекот, под услов тој да се воздигнува и возвишува во својот морален, Христољубив живот.

Таква теологија ни нуди и сестра Макрина во својата книга мудрословија. Тоа е брилијантна книга која одбива да ја сведе теологијата на тесна специјализација, туку го открива Бога, но и демоните на искушението насекаде околу нас: во соседите (куќа спроти куќа, но и народ спроти народ), во непризнавањето на Нашата Света Црква, во непризнавањето на нашиот македонски народ, во холивудскиот филм со Мел Гибсон што сме го гледале, во секојдневнието полно со навидум банални настани, кои за сестра Макрина имаат значење на Божји знаци и пораки! Нејзината книга мудрословија бара од нас да излеземе од кожурците на својата суета, самовљубеност, стереотипи, да станеме некој друг, подобар, та затоа и се насловува како Друга визура. Таа бара да излеземе од темнината и да не се плашиме од својата слобода (иако е познато дека нема ништо потешко од тоа да се носи сопствената слобода). Извонредно образована од сите области (теологија, филозофија, книжевност, митологија, историја на уметностите, политикологија), со еден збор – вистински дијамант од ум на полето на хуманистичките науки, сестра Макрина нè повикува да ја напуштиме Платоновата пештера на мизеријата и лажната, демонска удобност: „Значи накратко, приказната е ваква: луѓето фатени во замката на пештерата (со самото доаѓање на свет), на почетокот пружаат извесен отпор, но по неговото кршење, се навикнуваат на состојбата, до таа мера, што стануваат зависни од истата, и повеќе не сакаат да излезат надвор. Забораваат дека се заробени, дека тоа не е нивната природна средина, дека доколку САКААТ, можат да излезат, дека постои слобода, светлина, постои излез од ситуацијата.” Со оваа луцидна Платонова парабола, сестра Макрина нè повикува да зачекориме на нашиот пат кон Христа и да не се боиме, како што често се случува кога некој се соочува со сопствената слобода. За тоа сведочат статистиките од затворите (посебно во САД): затвореникот кој се навикнал на удобноста на затворот, не сака да излезе на слобода, посакувајќи го својот сопствен кафез, затоа што тој му нуди безбедност и го спасува од соочувањето со вистинскиот живот. Сестра Макрина, напротив, ни вели: излезете од своето ропство, мрза и незнаење, немојте да се разминете со животот, со Него, со Христа, оти дадено ви е да живеете, да се борите и да се подвигувате!

Клучниот и омилен збор на сестра Макрина е зборот “сака”, со неговите деривации: љуби, љубов, возљубен. Тој збор, како и за секој Христијанин, кај неа е алфа и омега, прапочеток на светот и негово устие, срж и површина, и смисла и форма. Овој свет е исполнет со омраза, и нема спасение без љубовта кон Христа, дури и во такви „банални” подрачја какво што ни изгледа и политиката. Со јаснотија на стамен теолог и филозоф, сестра Макрина ја покажува “неточноста” на нашата терминологија, “неверството” на вербалниот јазик,  апсурдноста на некои термини, нивното суштинско непостоење, како што е поимот “непријател”. Каква содржина, какво значење има тој збор, ако љубиш по Христов наук? Тој тогаш станува “измислен” збор, алатка на нечестивиот со која тој сака да пролее братска крв: „Да ја погледнеме големата слика: некој многу вешто ги влече конците во насока на свртување на балканските народи едни против други: Србите ги мразат Албанците, Албанците Србите, Грците ги мразат Македонците и т.н. Има ли крај овој домино ефект на омраза? Некој си ги трие рацете гледајќи како наседнуваме на провокации и паѓаме во огин, губејќи си ги душите, чувствувајќи се овластени да мразиме.”

Оваа книга бара да ги исфрлиме зборовите на омраза, да се свртиме кон себе и кон сопственото судење, да не ги судиме другите за нашите гревови, да го љубиме “непријателот” за тој да престане да постои, да сфатиме дека најголемиот непријател сме си самите себеси, неочистени и полни гревови и пороци. Ако човек љуби, тогаш сфаќа дека патот до Бога не е поплочен со зборови, граматики и речници, туку со дела, и дека непријателот е во нас, не надвор од нас: само тогаш, вели сестра Макрина, „човек лесно воочува дека непријател во суштина не постои, и дека поголемиот дел од нашиот психички живот е виртуелен, така што познатата Хобсова изрека за волкот – човек, всушност може да се модификува така што луѓето од изреката да се сведат на само еден човек, добивајќи ја вистинската слика за ситуацијата во светот - ринг. ‘Волкот, тоа сум јас’, би била вистинската формула за успех во сите наши судири со вистинските или измислените непријатели. Само оној кој се победил себеси, може да победува и сè друго.”

Според тоа, сестра Макрина, во својата книга за Христољубието, и следствено на тоа - човекољубието, на многу места говори не за Бога, туку за човекот. И целосно е свесна дека говорејќи за Бога говори токму за посакуваниот човек. Таа е идеален “детектор” на сето она филозофско (мирјанско) знаење кое, премолчено се повикува на Бога. На пример, сестра Макрина го читала и Блез Паскал, ама посебно го издвоила она место каде што Паскал не е “филозоф”, туку божји човек, па во едно мото од него, наведува што мисли Паскал богољубецот, а не Паскал логичарот: „Човекот е трска, но трска којашто мисли. И кога целата вселена би се насочила кон човекот да го уништи, сепак човекот е поголем, оти вселената не знае ништо за својата надмоќ, а човекот е свесен за својата слабост. (Б. Паскал)”

Она што ја прави сестра Макрина оригинален мислител во рамките на нејзината вера е – способноста да се поврзат навидум различните нешта, оние кои на прв поглед немаат допирни точки. Без разлика што таа е монахиња, таа го менува поимот на традиционалната монахиња, која беше “конзервирана” за надворешни влијанија. Монасите и монахињите во Македонија (фала му на Бога), во возобновеното монаштво веќе не се необразовани луѓе кои се плашат од предизвици и живеат во слепило за сегашноста. Напротив: тие сакаат сè од реалноста да проверат, да го стават “под Христов знак” или под “тест на верата” и да ги поделат работите на лоши и добри (примарна етичка дистинкција вградена во Нашата Света Вера). Еве како таа ја поврзува митолошката Фама со денешниот Интернет (речиси еквивалент на Фама). Ова заслужува пофалба не само од теолошки, туку и од световен, филозофски аспект: „Суштеството се вика Фама и живее во средиштето на светот, на границата помеѓу земјата, небото и морето, во бронзена палата. Палатата има илјадници отвори, низ кои допираат сите звуци, дури и најоддалечените. Опколена од Заблуда, Лага и Страв, Фама од својата палата ги враќа во светот сите гласови, ги удвојува и по своја волја ги засилува, изговарајќи го и она што е и она што не е. Таков е митот за Фама, од паганско време. Ако некој е заинтересиран како денес, во наши услови, функционира ова чудовиште, нека се приклучи на Интернет, или на ТВ, или на кој и да било друг медиум, и ќе види, дека таму исто така се води – војна, реална во иста мера како и онаа на фронтот, во класичната смисла на зборот. Се манипулира со јавното мнение...”

Но таа, колку и да размислува “ежедневно”, за нам, обичните мирјани да ни ја долови суштината на верата, секогаш е ортодоксна, Христољубива личност. Таа е пратеник на посланието за Воскресението, оти: „Смртта е само премин, од ова овде, во одандестраното. Одбирањето татковина на земјава е избор како и секој друг. Но Небесниот Ерусалим е друга тема.”

Тоа е сестра Макрина. Нека ни ја сочува Господ, и со онаа нејзина брилијатна проза (мал расказ!) за кучето на соседите (Рекс) и манастирското куче Икар, за кое соседите тврдат дека е нивното, украдено; нека ни ја сочува и со нејзината остроумност за тоа дека: „Незнаењето не знае за своето незнаење, незнаењето е задоволно со своето знаење. Тоа е во состојба да нанесе многу зла, и не знаејќи дека тоа го прави.” Нека ни ја сочува Господ и за нејзиното постојано опоменување дека сѐ е суета, само суета, нека ни ја сочува Господ поради сите златни букви, гласови и слова со кои ја нариса оваа преубава Книга за Бога, човекот и љубовта!

 Венко Андоновски

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная