Преподобен Серафим Саровски
За љубовта кон Бога
Оној кој се стекна со совршена љубов, живее во овој живот како и да го нема, бидејќи се смета за тугинец во видливиот свет , со трпение исчекувајќи го невидливото.Тој сиот се изменил во љубовта спрема Бога и ја заборавил секоја друга љубов.
Кoј се љуби себеси, не може да го љуби Бога. А кој не се љуби себе си од љубовта спрема Бог, тој го љуби Бога.
Оној кој вистински го љуби Бога се смета за странец и дојденец на земјата, бидејќи во својот стремеж кон Бога со душата и умот го созерцава (согледува) Него Единиот.
Душата, исполнета со љубовта Божја, во време на своето излегување од телото, нема да се плаши од кнезот воздушен, но со Ангелите ќе летне од туѓината татковинаta своја.
Преподобен Серафим Саровски
Еден од најголемите руски подвижници, проѕорливци и чудотворци. Роден е во 1759 година, а се престави во 1833 година. Се одликуваше со големо смирение. Кога сиот свет го славеше, самиот себеси се нарекуваше „кутриот Серафим“.
Денес, кога Светата Црква го прославува споменот на свети Силвестер, eпископ Римски, преподобен Амон и преподобен Серафим Саровски, во Соборниот храм на св. Климент Охридски во Скопје, се отслужи Божествена Литургија.
По светата Литургија, во чест и слава на преподобен Серафим Саровски, се освети и прекрши празничниот леб.
Посети: {moshits}