На 11.01.2009 год. по повод патрониот празник на МПЦО Св.Стефан од Утрехт, отец Дејан Трајков отслужи света Божествена Литургија на која присуствуваше верниот македонски народ од цела Холандија. И покрај тешкотиите со кои се соочува управата на црковната општина околу организиранјето на црковниот живот, сепак се чувствува огромната зелба на македонскиот народ за редовен богослужбен живот и верска поука.
Утредента на 12.01. 2009 година, делегација на црковната управа заедно со свестеникот во затворот во Шевенинген го посети македонскиот затвореник Јохан Тарчуловски. Токму на овој ден кога и се поднесуваше жалбата за неговата пресуда, во просторијата за посета беше отслужена Божествена Литургија на која тој се причести со Светите Божествени Тајни.
известува отец Дејан Трајков