Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан по повод Божикните празници и именденот, вчера на ручек го собра државниот врв. Во резиденцијата на поглаварот на Македонската Православна Црква, на заедничка трпеза седнаа Претседателот на државата Бранко Црвенковски, Премиерот Никола Груевски и првиот човек на Собранието на РМ, Трајко Велјановски.
Кај првиот духовник на МПЦ на традиционалниот ручек присуствуваа и Повардарскиот Митрополит Агатангел, секретарот на Синодот, Хераклејскиот епископ г. Климент, и најмладиот член на САС,Брегалничкиот Митрополит Иларион.
Извор: според Утрински весник