Што да ти принесеме, Христе, за тоа што заради нас како човек се јави на земјата? Секое Твое создание Ти принесува благодарење: Ангелите- песна; небесата- sвезда; мудреците- дарови; пастирите- чудење; земјата- пештера; пустината- јасли, а ние- Мајка Дева. Боже, Кој постоиш пред вековите, помилуј не.
Во чест на празникот на Собор на Пресвета Богородица, во катедралната црква на Рождество на Пресвета Богородица во Скопје, денес, 08. 01. 2009 година Божествена Литругија отслужи Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение на Митрополит г. Горазд и бројното свештенство на Скопската епархија. Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.
На Литургијата, Архиепископот го ракоположи Благоја во ѓаконски чин.
Посети: {moshits}