На 18.12.2008 година, со почеток во 8 часот, со Божествената Литургија во соборниот храм на свети великомаченик Димитриј во Битола, започна чествувањето на празникот посветен на свети Нектариј Битолски. Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар заедно со свештенството, ѓаконството и верниот народ од Битола, по Божествената Литургија во 11 часот, направија торжествена литија со моштите на св. Агатангел Битолски по улиците во централното градско подрачје. По литијата, кивотот беше поставен во соборниот храм, а голем број верници на Светителот му оддадоа почит, со големи поклони и целив.
Свеченост во Битола (18.12.2008)
На 17.12.2008 година, по повод чествувањето на патрониот празник на градот Битола свети Нектариј, на плоштадот „Гоце Делчев“ беше организирана пригодна програма во чест на заштитникот на градот, организирана од Општината Битола и градоначалникот г. Владимир Талевски. Оваа локална свеченост ја отворија градоначалникот и духовниот татко на Битолчани Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Петар.
Известува: Весна Апостоловска
Повеќе:
http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=3357
Посети: {moshits}