На 12. 12.2008 година, на празникот посветен на светиот маченик Парамон и другите триста и седумдесетмина со него, преподобен Акакиј Синајски, во храмот на света Петка, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни .
Евангелие и поука за 12/12/2008
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 82)
Рече Господ на Јудеите што беа дошле кај Него: „Вие се прикажувате пред луѓето за праведни, но Бог ги знае вашите срца; зашто, она што е за луѓето високо, пред Бога е мерзост. 3аконот и Пророците беа до Јована; а оттогаш царството Божјо се благовествува и секој со усилие влегува во него. Но полесно им е на небото и на земјата да преминат, отколку една црта од Законот да пропадне. Секој, што ја остава жената своја и се жени со друга, прељубодејствува, и секој, што се жени со напуштена, прави прељуба. И им рече Исус на учениците Свои: „Не е можно да не дојдат соблазни, но тешко на оној, преку кого доаѓаат; за него би било подобро да му обесат воденички камен на вратот и да го фрлат в море, отколку да соблазни еден од овие помали. Пазете на себе. Ако згреши против тебе братот твој, скарај го, и ако се покае - прости му. И ако седумпати на ден згреши против тебе и седумпати на ден дојде и ти рече: ,Се кајам’ - прости му.“
Старец Софрониј
Сè зависи од нашиот однос со Бога. Ако имаме доверба во Неговата Промисла, ќе најдеме сила да го следиме словото на нашиот духовен Отец. Логиката што му е својствена на секојдневниот живот и на нашите размислувања, не се доволни. Бог го напушта оној што има преголема доверба во својот разум! Нема големо значение, ако некое слово на духовниот Отец е против нас или ако, некој совет ни се чини неразумен за општата логика. Ако, сме подготвени да го следиме Словото, советите, ако имаме доверба во Него, тогаш Бог ќе ги нареди работите, така што кончанието да биде позитивно. Тајната на послушанието е една од посериозните стварности на патот кон спасението!
Посети: {moshits}