Хамзали, 08.12. 2008 г.
Денес, на денот на свети Климент Охридски, Митрополитот Струмички г. Наум отслужи Божествена Литургија во манастирот на свети апостол Павле, на свети цар Јустинијан I и на свети Климент Охридски во Хамзали. Присутниот верен народ на Литургијата се причести со Свети Христови Тајни.
На крајот од Божествената Литургија, Владиката ja објасни смислата и значењето на зборот „врата“ од денешното Евангелие.
Едното значење, онтолошкото или суштинското или битијното е дека треба најпрво да се соединиме со Бог односно да се крстиме и облечеме во Христос, да го примиме дарот на Светиот Дух, да учествуваме во смртта и воскресението Христово, да се причестиме со Телото и Крвта Христови, да станеме Тело Христово, да станеме нова твар.
А второто значење на зборот „врата“ е дека во духовниот живот постои духовен закон и духовен ред и дека сите треба да го освестиме степенот од својот духовен развој на кој се наоѓаме и да го восогласиме начинот на нашиот живот и подвиг согласно степенот на кој се наоѓаме. Само така можеме правилно духовно да растеме и да Го сведочиме Христос, без разлика на кој од степените се наоѓаме.
Едното без другото не може. Свети Климент е затоа свети Климент, наш учител и просветител, затоа што поминал низ вратата - Христос и во двете значенија на поимот.
Извор: МПЦ
Посети: {moshits}