Македонската православна црковна заедница од Палм Бич, Флорида, САД го одбележа својот храмовен празник посветен на светиот Великомаченик Димитриј Солунски.
На света Литургија богослужеше парохискиот свештеник Отец Ристо Тоцинов во присуство на поголем број верници. После Литургијата, отец Тоцинов беседаше по повод празникот, освети вода и го благосслови празничниот леб.
Традиционално црковните кумови подготвуваат братска трпеза за сите присутни. Оваа година та чест ја имаа семеството на Ристо и Воскра Дунови. Голема радост и изнедување предизвика кај сите кога за кум во наредната година се пријави еден од најмладиите присутни на празникот малиот Кристијан.Кој највероватно е најмладиот црковен кум досега.
Известува Г. С.