Глас 2.
Твојата душа, Димитрије- мудар маченику, Христос Бог непорочно ја положи во небеските живеалишта, зашто си бил поборник на Троица, и како цврст дијамант храбро си пострадал на боиштето; а кога си бил прободен во твоите ребра, сечесен, уподобувајќи се на Прободениот во ребрата за спасение на целиот свет, ти си примил дар да правиш чудеса, на луѓето давајќи имобилно исцелениа. затоа ние денес достојно го празнуваме твоето упокојување, славеќи го Господа, Кој тебе те прослави.
На 07. 11. 2008 година, во Марков манастир(Маркова Сушица), посветен на св.вмч. Димитриј Мироточив Солунски се отслужи Вечерна богослужба на која присуствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г. г.Стефан, а чиноначалствуваше умировениот Митрополит г. Горазд со свештеници од Скопска епархија. По вечерната беше прекршен славскиот колач, во чест на св. Димитриј Солунски, храмова слава на светата обител на Марковиот манастир. Потоа Архиепископот произнесе пригодна беседа за св. Димитриј.
Тој говореше за важноста на родителскиот пример кој е клучен во христијанското воспитание на децата, спомнувајќи за родителите на св. Димитриј, потоа и на Пресвета Богородица, св. Јован Крстител, и големиот број на светители. Тие венецот на блаженството го добиле токму поради тоа што ги последувале и имале послушност спрема своите родители кои, пак живееле благочестиво.
По Литургијата
Подготвиле:
Антонио Лазески
Преминпортал
Посети: {moshits}