логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Du.Ostroski.jpg 

Поклонението на светите мошти на свети Василие Острошки,во Црна Гора, се одвиваше во деновите 11 и 12 Октомври 2008год. Учествуваа околу 100 верници од разни делови на Македонија. o.Dositej1a.jpgИницијативата за патувањето произлезе од самите верници,а заслугата за неговото организирање со благослов на архимандрит
Партение, игуменот на Бигорскиот манастир, го заслужува сестра Рада,  духовно чедо на Бигорското семејство. Во име на сите поклоници голема благодарност до неа, за нејзиниот труд, пожртвуваност, за трпението и големата љубов  која ни ја даде во текот на патувањето. Голема благодарност и кон архимандрит Партение, како и кон братството на манастирот, чии молитви за застапништво во текот на патувањето многу ни значеа.

 

Патувањето имаше за цел да се посетат три значајни манастири во Црногорското православие.
-Cetinski.manastir.jpg во кој се чуваат светите мошти на Божјите угодници: - Свети Петар Цетински

sv.PetarCetinski.jpg
 

 

 

 

-Раката на свети Јован Крстител и честица од Чесниот Крст на кој бил распнат Господ  Исус Христос.

sv.Vasilij.Ostroski.jpg Ostroski,manastir.jpg

-Острошкиот манастир, во кој се сместени моштите на свети Василие Острошки, и

sv.ProrokIlija.igavranot.jpg  sv.Haralampie.rakata.jpg

-Манастирот Морача,во кој се чува раката на свети Харалампие како и надалеку познатата икона на свети Пророк Илија, како го храни гавран.

          Да се биде поклоник во едно вакво патување е темата на интересот.Расказот на збиднувањата, немаат туристички, културен ниту забавен карактер иако може да се провлечат и такви моменти, но силината на доживувањето е од духовен карактер. По Божјо допуштение некои од Божјите угодници, по  телесната смрт,  нивните тела остануваат нераспадливи низ векови, некои од нив се миомирисни, благоухани, мироточиви, но се со една единствена цел да не допрат во нашите закоравени срца со една воскресна благодат, која во моментот ја доживуваме како радосна поезија, која временската граница на нашето постоење ја заменува со  безвременската, каде еден ден ке оди и нашата душа. Во моментите на поклонение, целивање, допирање на моштите, секој по своите сили го спознава Христа, и таа вистина е толку  голема да печатот на тој допир останува вечно да го носиме во нашите срца.Од тој момент нашата личност доживува метармофоза.Промената не се мери со ниедна убавина која може да ги насладува нашите сетила, бидејки оваа наслада го менува нашето внатрешно битие. Христос е радост, Тој е живот.  Тој е светлина што прави да сме срекни, да ги сакаме сите, да се радуваме со другите, да страдаме со другите, да се покаеме, да простуваме, да сведочиме за таа вистина.Кога еднаш ке го примиш духот на Христос, не сакаш никогаш да го напуштиш.
Во текот на поклоничкото патување, поради природата на патувањето, се јавуваат големи искушенија кои најчесто се насочени кон мирот, трпението и мегусебна толеранција. Искуството покажува дека во вакви патувања потребно е да се има искусно духовно водство од луге кои се спремни да го носат подвигот  на трпение и силна љубов со оној кој страда бидејки не го препознава духот на патувањето.Отец Никола од Велес и отец Горан од Скопје, кои беа учесници во ова патување заедно со своите семејства, покажаа дека се на достојно ниво на пастири кои несебично се грижеа за своите чеда.Беше големо задоволство да се учи од нив.
Во раните утрински часови пристигнавме во Цетинскиот манастир.Бевме видливо  возбудени поради радоста дека сме  присутни на светата Божествена Литургија во црквата посветена на рагањето на Пресвета Богородица, а во присуство на светите мошти на свети Петар Цетински, раката на свети Јован Крстител и дел од Чесниот Христов Крст, со многубројното монашко братсво, како и децата од Богословското училиште Литургиското славење со нашите брака во Христа ке беше небесно да можевме да се причестиме со Светите Христови Тајни, кои не ни беа дадени. Да се биде распнат за Христа во присуство на Свети Јован Крстител и дел од Крстот на кој беше распнат нашиот Господ Исус Христос, беше чест да се страда и да се прости. Средбата заврши со подавање на христијанска рака за помирување и надеж на подобра иднина. Да се надминеш себеси во напливот на тага, болка и да останеш во љубовта, зарем не е подвиг! Продолживме кон Острог.

noze.poklonenie.jpg noze.poklonenie.jpgnoze.poklonenie.jpg

Искачувањето по таа велелепна природна убавина која на моменти ти го запира здивот, е неповторливо доживување. На височина од над 2ооо метри надморска висина, е сместен Острошкиот манастир,  составен од  Среден и Горн Острог. Во Горен Острог се сместени моштите на Свети Василие Острошки и за многумина  беше предизвик, таа височина од околу час, час и половина да се испешачи и по сопствен избор бос и со добро натежнат ранец на грбот. Традиционалниот востановен подвиг со задоволство го прифатија голем број верници а во нивната намера се отсликуваше големата љубов кон Светителот. Откажувајки се од угодување на телото, со духовна наслада преку молитвеното застапништво на светителот, го надвладуваа физичкиот напор како посластица од одстапки. На самиот врв на патот кога мислиш дека нема повеке сили во измореното тело, те пресретнува убавината на човечката и Божјата градба, манастирот Горен Острог, во која се испреплетени вековни сведоштва за вистинска вера, љубов  и надеж и потврда дека Господ ги услишал нивните трудови. Од таа, за нашите очи екранизирана снимка, се впиваат  првите печати за Божјата вистина. Да, тоа е Бог, тоа е Христос, тука е Божјиот угодник Свети Василие Острошки и којзнае уште колку знајни и незнајни Божји подвижници. Ја отвара душата својата порта и започнува да прима се што ке и понуда оваа Божја ризница. Се припремаме за следниот подвиг, постелата. Неможе да не се напише за  постелата на каменото земјиште во дворот, составена од едно сунгерасто легло и едно кебе за покривка, но за да се  доживее најудобната и најтоплата постела која сте ја имале во животот, останувајки длабоко во нокта во мисловен разговор со светиите и Бога, раскажувајки им за своите радости и маки, надежи и желби како за себе така и за своите блиски кои ги оставивме дома, како и многу пријатели кои со радост не испратија и порачаа да ги споменеме во нашите молитви. Над нас е отвореното небо и надвиснатата карпа која со гордос сведочи за изминатите столетија во кои се втиснати многу приказни. Во темнината се чувствува само звукот на тишината и бдението на душата која ја раскажува својата молитва.

prespivanje.poklonenie.jpg  prespivanje.poklonenie1.jpg

Du.Ostroski.jpg  Du.Ostroski.jpg   

 

  

 

 

 Du.Ostroski.jpg

Убавината на одлуката за учество во ова поклоничко патување е секако припремата за средба со светителите.Секој на свој начин го доживува тој момент.Но заедничко за сите е радоста во исчекување на тој момент.Сите срца се во трепет да го видат мистичното тело на светителот,за миг да го допрат, да го целиваат, да ги осветат даровите шепотејки ја својата молитвена приказна.Целиот се претвараш во организам во кој има само едно тело, срцето, кое отчукува во ритам на возбуда,  исчекување, радост која во   секој   нареден
 момент  станува се поголема и поголема и го преплавува телото. Поток од топли солзи ги мијат раните кои одеднаш се откриваат, капат над усните кои се смеат. Какви се тоа солзи кои неболат, солзи кои симнуваат тешки камења. Излегуваш и се чувствуваш дека не си истиот кој предмалку влезе во келијата на Светителот.Колкава леснотија, радост која те крева до небесата, па ти доага да објавиш, да им кажеш на сите кои трпеливо чекаат во долги редици, колку е убаво таму каде што  тргнале, колкава благодет ке добијат, колкаво богатство ке понесат.Сакаш да ги прегрнеш сите да им раскажеш за убавината на мигот кога го запозна  Господа, благодатта на Светиот Дух.
Ostroski,manastir1.jpgДенот ја прегрнува нокта, сонцето месечината, радоста неизвесноста, во прегратката на блаженството наликуваме на едно огромно семејство на мравки кои вредно со постојана истрајност го одработуваат својот ден. Трудољубиво  ги собираме трошките од благодетните дарови, иконки, елејчиња, водичка, сликовници, камчиња, фотоси, искуства,познанства, сведоштва и се така.
Божествената Литургија доживеана преку ехото на ангелското монашко пеење  кое одекнуваше низ просторот,додека долгата редица од посетители трпеливо чекаа, е доживување кое само лично може да се почувствува.И повторно истата реченица на крајот, нема причестување за отпадниците, расколниците. Но искуството од Крстот, ни даде сила  трпеливото да одиме  кон Светата Трпеза По застапништвото на Свети Василие Острошки, бевме причестени од раката на благочестивиот монах.

prespivanje.poklonenie5.jpg

Прегратките мегу нас долго непрестануваа бидејки радоста беше двократна.Го победивме злото.Христос е во нас и помегу нас.Мир во нашите души и мир помегу нас лугето во заедница со Бога.Крајот на патувањето стана почеток на ново патување,во него небото,земјата,лугето,целата природа имаше нови бои и посветли патеки исполнети со радост,срека,силна љубов,голема желба да стигнеме дома за да ја однесеме и разделиме на сите кои ги оставивме и оние кои ке ги сретнеме.
Го спечаливме најголемото богатство на ова патување, Божјата Благодат

 

 

Да оставиме понатаму самите слики да зборуваат за себе за да не го оскверниме со зборови она што го доживеавме ние 100 недостојни поклоници .

 Ostroski,manastir2.jpg  

 

 

 

 

 

 

Поклоничко патуванје во манастирот на св. Василиј Острошки (фотографски материјал)

Подготви: сестра Душанка

Посети: {moshits}

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА...

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

04/05/2026 - понеделник

Светиот свештеномаченик Јануариј и другите со него; Светиот маченик Теодор и другите со него;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Тропар на Благовештение на Пресвета Богородица 7 април/24 март 2026

Тропар на Благовештение на Пресвета Богородица 7 април/24 март 2026

Денес е почеток на нашето спасениеи откривање на вечната тајна:Синот Божји станува Син на Дева,и Гаврил блага вест објавува.Затоа и...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная