Во денот кога Светата Црква го празнува споменот на светата првомаченичка Текла рамноапостолна, во храмот на св. Јован Крстител во Скопје, протојереј д-р Ацо Гиревски, декан на Православниот богословски факултет во Скопје, во сослужение на старешината на храмот и свештеници од Скопската епархија, отслужи Света Божествена Литургија и Призив на Светиот Дух, по повод започнувањето на новата студиска година. На Литиргијата присуствуваше Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Посети: {moshits}