логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Евангелие и поука за 02/05/2024

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 26:1-20

1. И кога ги заврши Исус овие зборови, им рече на учениците Свои:
2. Знаете дека по два дни ќе биде Пасха и Синот Човечки ќе биде предаден на распјатие.
3. Тогаш првосвештениците и книжниците, и старешините народни се собраа во дворот на првосвештеникот, по име Кајафа,
4. и се советуваа како да Го фатат Исуса со измама и да Го убијат;
5. но рекоа: „Само не на празникот, за да не стане бунт во народот.”
6. А кога беше Исус во Витанија, во куќата на Симона Прокажениот,
7. се приближи до Него една жена, која носеше шише со скапоцено миро, и го изли врз главата Негова, кога Он седеше на трпезата.
8. И штом го видоа тоа учениците Негови, се расрдија и рекоа: „Какво е тоа растурање?
9. Оти тоа миро можеше да се продаде многу скапо и парите да се разделат на сиромаси.”
10. Но Исус, разбирајќи го тоа, им рече: „Зошто ја буните жената? Таа направи добро дело за Мене;
11. оти сиромасите ги имате секогаш покрај себе, а Мене Ме немате секогаш;
12. таа, изливајќи го тоа миро врз телото Мое, Ме приготви за погребение.
13. Вистина, ви велам: каде и да биде проповедано ова Евангелие по цел свет ќе се прикажува за нејзин спомен и тоа што го направи таа.”
14. Тогаш еден од дванаесетте, по име Јуда Искариот, отиде при првосвештениците
15. и рече: „Што ќе ми дадете, па да ви Го предадам?” А тие му предложија триесет сребреници.
16. И оттогаш тој бараше погодно време да Го предаде.
17. А во првиот ден на празникот Бесквасници пристапија кон Исуса учениците и Му рекоа: „Каде сакаш да ти приготвиме да јадеш пасха?”
18. Он им рече: „Одете в град при тој и тој човек и кажете му: »Учителот вели: времето Ми наближи, при тебе ќе ја прославам Пасхата со учениците Свои.«“
19. Учениците направија како што им заповеда Исус и ја приготвија пасхата.
20. Штом се стемни, Он седна на трпезата со дванаесетте.

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Јован 13:3-17

3. Исус, знаејќи дека Отецот сe Му предал во рацете и дека од Бога излегол и дека при Бога оди,
4. стана од вечерата, ја соблече својата горна облека и кога зеде крпа, се препаша;
5. потоа истури вода во сад за миење и почна да ги мие нозете на учениците и да ги брише со крпата, со која што беше препашан.
6. Дојде и при Симона Петра, а тој Му рече: „Господи, Ти ли ќе ми ги миеш нозете?”
7. Исус одговори и му рече: „Јас што правам сега, ти не знаеш, но подоцна ќе разбереш.”
8. Петар Му рече: „Никогаш Ти нема да ми ги измиеш нозете мои!” Исус му одговори: „Ако не те измијам, нема да имаш дел со Мене.”
9. Симон Петар Му рече: „Господи, тогаш не само нозете мои, туку и рацете и главата.”
10. Исус му одговори: „На измиениот треба само нозете да му се измијат, оти е целиот чист; и вие сте чисти, но не сите.”
11. Бидејќи Он знаеше кој ќе Го предаде, па затоа и рече: „Не сите сте чисти.”
12. А кога им ги изми нозете, ја облече облеката и седна пак на трпезата, па им рече: „Знаете ли, што ви направив?
13. Вие Ме наречувате Учител и Господ; и право велите, бидејќи Јас сум таков.
14. Ако, пак, Јас, Господ и Учител, ви ги измив нозете, тогаш и вие сте должни еден на друг да ги миете нозете.
15. Затоа ви дадов пример да правите и вие така, како што ви направив Јас.
16. Вистина, вистина ви велам: нема слуга поголем од својот господар, ниту пратеник поголем од оној што го пратил.
17. Кога го знаете ова, блажени сте, ако го извршувате.

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 26:21-39

21. И кога јадеа, им рече: „Вистина, ви велам: еден од вас ќе Ме предаде.”
22. Тие многу се нажалија и секој од нив почна да Го прашува: „Да не сум јас, Господи?”
23. А Он им одговори и рече: „Оној што ќе макне со Мене во чинијата, тој ќе Ме предаде.
24. Синот, пак, Човечки, вистина си оди, како што е напишано за Него; но тешко му на оној човек, преку кого Синот Човечки ќе се предаде; добро ќе беше за тој човек ако не беше се родил.”
25. А Јуда, што Го предаде, одговори и рече: „Да не сум јас, Рави?” Му одговори: „Ти рече.”
26. И кога јадеа, Исус зеде леб, го благослови и рече: „Земете, јадете, ова е Моето тело.”
27. И како ја зеде чашата, заблагодари, им даде и рече: „Пијте од неа сите;
28. зашто ова е Мојата крв на Новиот завет, која се пролива за мнозина, за опростување на гревовите.
29. И вам ви велам, оти отсега нема да пијам од овој лозов плод сe до оној ден, кога ќе пијам нов со вас, во царството на Мојот Отец.”
30. И откако испеаја благодарствена песна, се искачија во Елеонската Гора.
31. Тогаш им рече Исус: „Сите вие ќе се соблазните заради Мене уште во оваа ноќ; зашто е напишано: »Ќе Го поразам пастирот и овците од стадото ќе се разбегаат.«
32. А по воскресението Мое ќе отидам порано од вас во Галилеја.”
33. Тогаш Петар Му одговори и рече: „Дури и сите да се соблазнат заради Тебе, јас никогаш нема да се соблазнам.”
34. Исус му рече: „Вистина, ти велам: дека оваа ноќ, уште пред да пропее петел, трипати ќе се одречеш од Мене.”
35. Петар Му кажа: „Ако затреба дури и да умрам со Тебе, нема да се откажам од Тебе.” Истото го рекоа и сите ученици.
36. Потоа отиде Исус со нив на едно место, наречено Гетсиманија, и им рече на учениците: „Поседете тука, додека отидам онаму да се помолам.”
37. И кога ги поведе со Себе Петра и двајцата Зеведееви синови, се натажи и почна да тагува.
38. Тогаш им рече Исус: „Смртно е нажалена Мојата душа; останете тука и видете будни со Мене!”
39. И како се пооддалечи малку, падна ничкум; се молеше и говореше: „Оче Мој, ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша; но не како Јас што сакам, туку како Ти.”

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 22:43-45

43. И Му се јави ангел од небото и Го поткрепуваше.
44. Па, бидејќи се наоѓаше во внатрешна борба, поусрдно се молеше, а потта Му беше како капки крв, што паѓаа на земјата.
45. Штом стана од молитвата, дојде при учениците Свои и ги најде заспани од тага.

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 26:40-75;27:1-2

40. Па дојде при учениците и ги затече како спијат, и му рече на Петра: „Толку ли не можевте еден час да останете со Мене будни?
41. Бидете будни и молете се, за да не паднете во искушение: духот е бодар, но телото е слабо.”
42. Отиде пак, повторно, и се помоли, говорејќи: „Оче Мој, ако не може да одмине од Мене оваа чаша, да не ја испијам, тогаш нека биде волјата Твоја!”
43. И кога дојде, пак ги најде да спијат, оти очите им беа натежнале.
44. И кога ги остави, отиде и се помоли по третпат, изговарајќи ги истите зборови.
45. Потоа дојде при учениците Свои и им рече: „Сe уште спиете и почивате! Ете, наближи часот и Синот Човечки се предава во рацете на грешници.
46. Станете да одиме! Ете, наближи оној што Ме предава.”
47. Додека Он уште говореше, ете, Јуда, еден од дванаесетте, дојде, и со него многу луѓе со ножеви и колови, испратени од страна на првосвештениците и старешините народни.
48. А оној, што Го предаваше, им беше дал знак, велејќи: „Кого што ќе Го целивам, Он е, фатете Го!”
49. И веднаш се приближи до Исуса и Му рече: „Радуј се, Рави!” И Го целива.
50. А Исус му рече: „Пријателе, зошто си дошол?” Тогаш пристапија, положија раце на Исуса и Го фатија.
51. И ете, еден од оние што беа до Исуса, протегна рака и извади нож, па како го удри слугата на првосвештеникот, му го отсече увото.
52. Тогаш Исус му рече: „Врати го ножот на местото негово; зашто сите што се фаќаат за нож, од нож ќе загинат;
53. или мислиш дека не можам да Го помолам сега Својот Отец, да Ми прати повеќе од дванаесет легиони ангели?
54. Но, како ќе се исполнат Писмата, ако ова не стане?”
55. Потоа Исус му рече на народот: „Како на разбојник сте излегле со ножеви и колови, за да Ме фатите. Секој ден седев со вас, поучувајќи во храмот, и не Ме фативте.
56. Но сето тоа стана, за да се исполнат пророчките писма.” Тогаш сите ученици Го оставија и се разбегаа.
57. А оние, што го фатија Исуса, Го одведоа при првосвештеникот Кајафа, каде што беа собрани книжниците и старешините.
58. Петар, пак, одеше по Него оддалеку, до дворот на првосвештеникот; и како влезе внатре, седна со слугите, за да го види крајот.
59. А првосвештениците и старешините, и целиот Синедрион бараа лажно сведоштво против Исуса, за да Го убијат
60. и не наоѓаа; и, макар што пристапија многу лажни сведоци, не најдоа. Но најпосле дојдоа двајца лажни сведоци,
61. и рекоа: „Овој кажа: »Можам да го урнам Божјиот храм и за три дни да го соѕидам.«“
62. И како стана првосвештеникот, Му рече: „Ништо ли не одговараш? Што сведочат овие против Тебе?”
63. Но Исус молчеше. А првосвештеникот Му рече: „Те заколнувам во Живиот Бог да ни кажеш: Ти ли си Христос, Син Божји?”
64. Исус му одговори: „Ти рече! Ви велам пак: отсега ќе Го гледате Синот Човечки како седи оддесно на силата и како доаѓа по небеските облаци.”
65. Тогаш првосвештеникот ја раскина облеката своја и рече: „Овој хули на Бога! Каква потреба имаме повеќе од сведоци? Ете, сега го чувте Неговото хулење.
66. Како ви се чини?” А тие одговорија и рекоа: „Заслужува смрт!”
67. Тогаш Го плукаа в лице и Го удираа по образите, а други Го биеја
68. и говореа: „Проречи ни, Христе, кој Те удри?”
69. А Петар седеше надвор во дворот. И се приближи до него една слугинка и му рече: „И ти беше со Исуса Галилеецот.”
70. Но тој се одрече пред сите, велејќи: „Не знам што зборуваш.”
71. А кога одеше кон вратата, го виде друга и им рече на оние што беа таму: „И овој беше со Исуса Назареецот.”
72. И пак се одрече тој со клетва: „Не Го познавам Човекот.”
73. Малку потоа се приближија оние, што стоеја таму и му рекоа на Петра: „Навистина, и ти си од нив, зашто и говорот твој те издава.”
74. Тогаш тој почна да се колне, и се заколна: „Не Го познавам Човекот.” И веднаш запеа петел.
75. И се сети Петар на Исусовите зборови, што му ги рече: „Уште петел пред да пропее, трипати ќе се одречеш од Мене.” Па излезе надвор и плачеше горко.
1. А кога се раздени, сите првосвештеници и старешини народни направија совет против Исуса за да Го убијат;
2. и откако Го врзаа, Го одведоа, и Го предадоа на управникот Понтиј Пилат.

Апостол на денот: Прво послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните 11:23-32

23. А јас го примив од Господа она, што ви го предадов; а тоа е дека Господ Исус онаа ноќ, кога Го предадоа, зеде леб,
24. и, откако заблагодари, го прекрши и рече: „Земете, јадете, ова е телото Мое, кое се крши за вас; правете го ова за спомен Мој!”
25. По вечера, исто така, зеде и чаша, па рече:”Оваа чаша е Новиот завет во Мојата крв; ова правете го, кога ќе пиете за Мој спомен!”
26. Оти, кога ќе го јадете овој леб и кога ќе ја пиете оваа чаша, вие ќе ја објавувате смртта на Господа, додека Он не дојде.
27. Затоа, оној што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, виновен ќе биде спрема телото и крвта на Господа.
28. Но, човекот да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша.
29. Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово.
30. Па затоа меѓу вас има многу немоќни и болни, а мнозина и умираат.
31. Оти, ако бевме се испитувале сами себе, тогаш немаше да бидеме осудени.
32. Но судејќи нe, Господ нe накажа, за да не бидеме осудени заедно со светот.

Поука на денот: Отец Василиј Гондикакис
Вистината е она што го вкусуваме во литургиското искуство и заедничарење. Ја вкусуваме со душата и телото. Вистината е Господ Кој се прекршува а не се разделува, Кого секогаш Го јадат а никогаш не исчезнува по осветувањето на оние што се причестуваат. Кој е „Лебот Небесен, што го храни сиот свет“. Кој е единствената надеж што го спасува севкупниот човек. Кој е единствената радост што ја озарува сета длабочина и ширина на човековото битие кон непрестајно обновување и обожение.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная