Христос се роди! Бог се воплоти! Светот полека започнува да се смирува од новогодишната и псевдо-божикната хистерија која владееше во минатите неколку дена. Сите народи на земјата, на еден или друг начин, и на еден или друг датум (па дури и час), го празнуваа Рождеството Христово, и настапувањето на новата граѓанска година.
Друго:
Христос се роди! Бог се воплоти! Светот полека започнува да се смирува од новогодишната и псевдо-божикната хистерија која владееше во минатите неколку дена. Сите народи на земјата, на еден или друг начин, и на еден или друг датум (па дури и час), го празнуваа Рождеството Христово, и настапувањето на новата граѓанска година. Но, од сите нив, се чини дека само православните народи продолжуваат да пребиваат во една безвременска, блага радост, сведочејќи ги севистините на спасителниот домострој Христов, кои Православата Црква ги празнува во деновите кои следат по Божик.
Денот по празнувањето на Рождеството Христово, Православната Црква го посветува на Соборот на Пресвета Богородица. Кај многумина се јавува прашањето зошто Светата Црква одлучила денот после воплотувањето на нашиот Спасител да го посвети токму на Неговата мајка. При одговарањето на ова прашање, може да се употребат неколку различни пристапи кои ќе ни понудат увид во неколку аспекти од светотаинскиот живот на Црквата, како богочовечки и вечножив организам.