Евангелие и поука за 10/12/2023
Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 13:10-17
10. Во една од синагогите поучуваше Он во сабота.
11. И ете, дојде една жена која беше опседната од дух на немоќта осумнаесет години; таа беше згрбавена и никако не можеше да се исправи;
12. штом ја виде Исус, ја повика и ? рече: „Жено, се ослободуваш од болеста своја.”
13. И ги стави рацете Свои врз неа; и таа веднаш стана и Го славеше Бога.
14. А старешината на синагогата, негодувајќи што ја излекува Исус во сабота, одговори и му рече на народот: „Има шест дена во кои треба да се работи; тогаш доаѓајте и лекувајте се, а не во саботен ден!”
15. Но Господ му одговори и рече: „Лицемере, не го одврзува ли секој од вас својот вол, или осле, од јаслите во сабота и не го води ли да го напои?
16. А оваа ќерка Авраамова, што ја врзал сатаната еве веќе осумнаесет години, не требаше ли да се ослободи од тие врски во саботен ден?”
17. И кога го зборуваше ова, сите што беа против Него се засрамија; а целиот народ се радуваше за сите славни дела, извршени од Него.
Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Како да го поминеме денот без грев, или поинаку речено, свето? Еве го нашиот секојдневен проблем. Како да ги преобразиме нашето битие, умот, чувствата, самите наши природни реакции, така што да не сториме грев против нашиот Небесен Отец, против Христа, против Светиот Дух, против човековата ипостас, против нашиот брат и против секое нешто на овој свет.