Литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“
На 5.11.2023 година, денот во кој Црквата ги прославува споменот на свети апостол Јаков, брат Господов, и свети Игнатиј Цариградски, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан присуствуваше на Божествената Литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. На Литургијата, по покана на Архиепископот, чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, а во сослужение со свештенослужители од Соборниот храм, како и со протопрезвитер-ставрофор Петар Лукиќ и протоѓакон Радомир Перчевиќ од Српската Православна Црква.
Литургиското благолепие беше дополнително зголемено со прекрасното пеење на црковниот хор на Белградскиот соборен храм „Прво београдско пејачко друштво“, кој, попладнево, со почеток во 18:00 ч. ќе одржи и свечен концерт во Соборниот храм. Влезот на концертот е бесплатен.
https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/liturgija-sv-jakov-brat-gospodov-2023/