Рождество на Пресвета Богородица
Празник на иконата на Пресвета Богородица во Калишта 21/09/2008
Во манастирот на Пресвета Богородица близу селото Калишта, западно од Струга, Пресвета Богородица ја покажуваше својата сила и милост низ могубројни чуда. Мнозина болни беа исцелени чудотворно, а разбојниците што намислуваа да го ограбуваат или осквернат манастирот беа луто казнувани од невидлива сила. Во храмот се наоѓа и чудотворна икона на Пресвета Богородица, а во близина има две исцелителни води: на Свети Петар и на Свети Ананија. Недалеку од главниот храм има пештера и во неа параклис посветен на Свети Атанасиј.
На празникот на Раѓањето на Пресвета Богородица, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Деканот на Богословскиот факултет д-р Ацо Гиревски и бројното свештенство на Скопската епархија, отслужи Архиерејска Божествена Литургија во црквата посветена на Раѓањето на Пресвета Богородица во Скопје. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
Посети:{moshits}