Денес, кога Светата Црква го празнува Спомен на чудата на Св. Архангел Михаил, свети Евдоксиј и преподобен Давид, во Соборен храм на св. Климент Охридски во Скопје, отец Сашо отслужи Света Литургија . Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.
Од Православен календар - Спомен на чудата на св. Архангел Михаил
Свети Евдоксиј 19/09/2008
Војвода во римската војска. Пострада за Христа во времето на царот Диоклецијан. Судени и мачени од милетинксиот началник во Ерменија, со него пострадаа и неговите пријатели Зинон и Макариј и уште илјада сто и четворица војници, коишто Евдоксиј ги беше обратил во христијанство. По смртта ѝ се јави на својата жена. И неговата жена Василиса ја одржа верата во Христа до смртта и се упокои мирно.
Преподобен Давид 19/09/2008
Беше разбојнички водач околу Хермопол во Мисир и дури на постари години си дојде на себеси, се покаја и се замонаши. Нему му се јави Светиот Архангел Гавриил, којшто му даде сила на чудотворство. Се упокои мирно во 6 век, откако со голем подвиг се удостои со Царството Божјо.
Посети: {moshits}