Реставрацијата на манастирската црква (во селото Љубанци), посветена на св. Никола, во добар дел е завршена.Во оскудно достапната литература за историјата на овој манастир, се говори дека храмот е реставриран во корабна форма во период од 1847 година и осветен во 1855 година, дека не постојат никакви фрески, освен неколку икони. Од 1960 година, кога почина игуменот на манастирот Серафим Боздјухин, до доаѓањето на сестра Евпраксија( 1998 година), манастирот беше во доста незавидна положба. Во записот од д-р Јован Ф. Трифуновски, стои: „Манастирот го посетив на 14 април 1970 година. И во него видов бројни стари книги.Меѓутоа, за манастирот никој не се грижи: конаците се полуразрушени, храмот необезбеден, така да прети опасност од потполно пропаѓање“.
А денес, можеме да ја забележиме негова прекрасна преобразба. Фрескописувањето на црквата е во тек, и насликани се неверојатно убави фрески, кои поттикнуваат на молитва, кога ќе се влезе во храмот. Се прават припреми за неговоро довршување. Останаа да се насликаат сцени, куполата ... Изграден е и нов гостински конак, дворот преуреден, со поплочани патеки и бујно зеленило. Типикот на манастирот е исихастички. Но за тоа друг пат..
Посети: {moshits}