На 19. 08. 2008 година, кога Светата Православна Црква го празнува споменот на Светото Преобразение на Господ Исус Христос на планината Тавор, во храмот Св. Кирил и Методиј во Струмица, Митрополит Европски г. Пимен во сослужение на свештеници од Европската епархија( отец Михајло Матевски од Пјаченца и отец Виктор Стојчев од Лондон), и клирици на Струмичка епархија, отслужи Архиерејска Божествена Литургија. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.
Празникот Преображение се празнувал уште во IV век. За тоа ни сведочат поуките на свети Ефрем Сириски и на свети Јован Златоуст.
Подготви: А.П.
За осветувањето на плодовите на празникот Преображение на Господ Исус Христос
Адетот за осветување на плодовите е од дамнина. Тој адет е изложен во 3. Апостолско правило (исто и во 28. правило на 6. Вселенски собор) Моментот на осветување на плодовите , се принесува за благословување во знак на Благодарност на Бога за дарувањето на тие плодови( грозје, пченица..), кои во исто време се користат и за извршување на светата Евхаристија. Во Православната Црква, на местата каде што не расте грозје, се принесуваат јаболка, (пример Русија).
Осветувањето на плодовите има и едно друго таинствено, символичко, значење. Имено, преку Преображението Господово, на луѓето, се открива тајната на новото обновување во кое ќе пристапи човечката природа по Христовото Воскресение. И во таа наде, човекот се утврдува преку благословување на плодовите.
Посети:{moshits}