логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Слово на Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, на промоцијата на Прогласот од Константин Философ ‒ Св. Кирил, во Културно-информативниот центар ‒ Скопје, 20 мај 2021 лето Спасителово.

Со тријазичното издание на Прогласот од свети Кирил Солунски, во издание на Друштвото на писателите на Словачка, во соработка со Словачката народна библиотека, која истово дело го издаде и во 2013 година – на црковнословенски, на словачки и на македонски јазик, се потврдува колку било, колку е и колку ќе биде значајно местото на разбирливиот јазик во општењето на народите и во запазувањето на заедничкото наследство, како и на нивната посебност. Во таа смисла, главна мисла-водилка на светите Браќа им била онаа порака на свети апостол Павле секој јазик да исповеда дека Исус Христос е Господ[1], но и дека в црква повеќе сакам да кажам пет збора разбрани, отколку илјада на непознат јазик.[2] А, пак, неодамна починатиот академик Страделов подвлекува дека „секој еден народ е вкоренет во својот јазик, а секој јазик во својот народ…“[3]. Затоа, само со јазик разбирлив и близок на оние што го слушаат, најдобро и најбрзо се постигнува посакуваната цел. Па, токму јазикот е она што ги прави блиски и авторот на Прогласот – свети Кирил и неговиот брат – свети Методиј, како и нивниот најнадарен ученик и продолжувач на нивното дело свети Климент Охридски. Но, при оваа прилика, заслужува да го спомнеме и човекот кому оваа година му одбележуваме 100 години од неговото раѓање – нашиот великан Блаже Конески. Еве, ни единаесетвековното растојание не ги оддалечува четворицава книгољупци и книготворци, зашто и светите Браќа, и свети Климент и Конески се длабоко вкоренети во јазикот со кој растеле, на кој говореле, пишувале, се молеле и порачувале, како со најсилно, најтрајно и најспасоносно средство. „За нас“, истакнува Конески, „јазикот претставува, со сѐ што е на него создадено како говорен и пишуван текст, најголемо приближување до идеалната татковина, тој е заправо единствената наша татковина“.[4] А на нашава, македонска, држава нека ѝ е честита годишнината од осамостојувањето, и нека ни е вечна.

Двајцата Солуњани, токму преку разбирливиот јазик и писмо, успеале да ги просветлат и да ги утврдат словенските народи во христијанската вера. Затоа – „Благословен е вашиот јазик, со којшто насеавте духовни зборови за спасение на безброен народ“[5], забележал авторот во Похвалното слово за Браќата.

Оттаму е речено дека Кирило-методиевото наследство го сочинува битот на словенската култура воопшто. Токму таков дел од оставината и од заветот на светите Солунски браќа е и прекрасниот Проглас. Тоа, всушност, е дело на свети Кирил, но човек не може да говори за едниот од  Браќата, без да го има на ум и другиот, зашто тие сиот свој живот „една бразда орале“[6].

Истражувачите на првото словенско богословско-поетско дело едногласно истакнуваат дека веќе во него се пројавува творечката автономија и суверената полноправност на Словените. Имено, подготвувајќи ги Словените за читање и за слушање на Писмото на својот мајчин јазик, Константин Философ со прекрасна мисла и со убавина на зборот опишува некои од најбитните христијански идеи, и притоа тоа го прави излегувајќи од воспоставените византиски поетски рамки, со што укажува дека оттогаш, па додека векот векува, Словените не само што ќе имаат свое писмо, туку и на него ќе внесуваат свој, засебен и богат културен вклад.

Имено, иако во нивното време христијанството е веќе одомаќено и на македонската почва, но богослужбата и проповедта се на туѓ, неразбирлив јазик. Словените пишувале со „рески и црти“, без вистински да ги допре светлината на просвештението, оти христијанството без писменост е налик на „пишување по вода“[7].

Затоа, прифаќајќи го повикот од царот и добивајќи го благословот од патријархот, Константин Философ се зафатил да создаде словенско писмо. Потем, заедно со брата си Методиј и со нивните вредни ученици, на тоа писмо ги превеле Светото Писмо и богослужбените книги, со што на Словените им оставиле дар „поголем и повреден од секое злато, сребро, скапоцени камења и суетно богатство“[8] ‒ дарувале дар со чија помош ја разбрале и смислата на молитвата и суштината на верата.

Но, да не заборавиме дека свети Кирил бил восфалуван и познат како философ. А вистинската философија, како што самиот тој сведочи, е „разбирање на Божјите и на човечките нешта за да може човекот да Му се приближи на Бога. Таа го учи човекот со делата да биде слика и одраз на Оној што него го создал“[9]. Тоа, всушност, е сржта на христијанската ука и наука; тоа е врвната философија; тоа е верата на која светите Браќа сеоддајно ѝ ги посветиле своите животи; тоа е верата за која сведочеле, верата за која биле подготвени сѐ да дадат и сѐ да поднесат; тоа е верата која му дава смисла на времето кое, преку второто Христово пришествие, води во вечноста; тоа е верата која ѝ го дава достоинството на слободната волја и му го внушува врвниот етички идеал – да расте во мерата на растот Христов[10].


Имајќи го, пак, предвид започнатото соперништво меѓу Рим и Цариград,  светите Браќа успевале да останат надвор од веќе започнатите недоразбирања во Црквата, особено доколку се земат предвид и грубите противења и постојаните мачни прогонства што ги претрпувале од Франките и од другите придржувачи на тријазичното богослужење и проповедање. Но нивните житија недвосмислено покажуваат дека светите Браќа се опишани како „столбови, втемелени врз цврстиот камен на верата“[11], „и проповедници на вистината“[12], „кои народот го просветлија со писменост и целосно ги научија учениците на црковниот ред“[13]. Затоа, се прашува и нивниот житиеписец: „Какви пофалби да ви оддадеме вам двајцата, кои толку многу се трудевте во источните, западните и северните страни“[14], и кои „на Црквата ѝ принесовте чисто духовно учење… со кое сјаете како светлина во целиот свет?“[15]

 Така, целосно потопени во животоносниот извор на христијанското учење, тие знаат дека тесноградото институционално и богослужбено еднообразие е унакажување на верата и дека токму од таквото извитоперено учење никнуваат ереси подобни на тријазичничката, ереси кои го оневозможуваат остварувањето на зовот на псалмопејачот сите народи да Го восфалуваат и прославуваат Господа[16].

Затоа, најглавната цел во нивната мисија, е да помируваат и да соединуваат, како со Бога, така и меѓу луѓето и народите, залагајќи се за соживот на христијанските традиции преку начелата на верата – сите да бидат едно и заедно. Оттаму, тие ги уважуваат и византиското и римското предание, служејќи му на сеопштото христијанско дело. Така, светиот Кирил, до монашењето Константин, својот постриг го примил во Рим, а светиот Методиј бил ракоположен за епископ од римскиот Папа и бил поставен за архијереј во Моравија и Панонија.

Дијалогот е најголемото сведоштво за духот на христијанската љубов. Тој ни помага да се сретнеме со другиот, да ги преодолееме стравот од него и сомнежот во него, да ги надминеме меѓусебните недоразбирања и заедно да се исправиме пред предизвиците на нашите дни.

Следствено, богословието, онакво какво што ни го покажаа светите Кирил и Методиј, е призвано да разработи учење за инаквоста и посебноста, знаејќи дека инаквоста не е закана за единството, туку е задолжителен услов за него. Зашто, Црква, која не води дијалог со светот и со неговите проблеми, која не беседи со „другиот“… таа престанува да служи како ек-клесија (ἐκκλησία), т.е. како собрание, бидејќи ја одрекува најважната последица на воплотувањето: возглавувањето на целото творение во Христос!

Па, Црквата не постои за себе, туку за животот на светот[17]. Затоа, водена од Светиот Дух, таа треба да го продолжи дијалогичното дело на спасението во историјата, односно треба да учествува во дијалог со она кое сѐ уште не е Црква. Оти, созданието е дијалог на Бога со тварната стварност, дијалог кој продолжува до благоста на Царството на Троичниот Бог.

Се разбира, кон единство не смее да се цели преку отстапување од догматските основи на христијанството, преку уништување на културните разнообразија или преку нивно механичко воедначување. Напротив, како што ни покажуваат Солунските свети браќа, единството кон кое треба да се стремиме е единство во многуобразието.

Единствениот, пак, пат за приопштување кон духот на единство-љубието е литурго-центричното живеење. Во Божествената Литургија се молиме „за сите и за сè“[18]. А впрочем, и во најстариот вонбиблиски црковен запис, познатиот Дидахи, е претставена врската меѓу единственоста на евхаристискиот леб и едноста на Црквата. Во Игнатиевото Писмо до Магнезијаните, пак, стои: „Трудете се сите да дојдете заедно, како во еден Божји храм, како во еден олтар, како при еден Исус Христос“[19]. Истакнувањето на зборовите единственост и еден во овие одломки е положено на библиска основа, оти уште апостолот Павле рекол: Едно тело сте и еден Дух, како што сте и повикани кон една надеж на вашето звање. Еден е Господ, една е верата, едно е крштавањето, еден е Бог и Отец на сите, Кој е над сè, и преку сите, и во сите нас[20].

Ете, тоа е единството кон кое сме повикани, единството на кое поучуваа светите Кирил и Методиј, единството за кое се молеа, велејќи: „соедини ги сите во еднодушност“[21]. А патот кон тоа единство е трнлив и далеку ги надминува рамките на нашето поколение, но, како што вели една далекуисточна мудрост: патот од илјада милји започнува со еден, единствен чекор! Тој чекор во зближувањето на Црквите, па и на народите, треба да биде со надминување на заемната недоверба и насочување кон она што ни е општо, а тоа е верата во Бога, илјадалетното заедничко минато на неподелената Црква и нашето надилјадалетно Свети-кирило-методиево наследство. Тоа би требало да е доволно за едни со други да не се гледаме како туѓинци, туку за делови на едно тело, и соучесници на ветувањето Божјо во Христа Исуса преку Евангелието[22].

Следејќи ги примерите на светите Кирил и Методиј, рамноапостолните сесловенски просветители и европски покровители, и на сите нивни следбеници, да се трудиме да живееме со секаква смиреност и кротост, успевајќи, подобно ним, да ги надминуваме разделбите меѓу културите, јазиците и традициите, та долготрпеливо да се поднесуваме едни со други со љубов, трудејќи се да го запазиме единството на Духот преку врските на мирот[23]. А ваквите изданија, настани и свечености, во чест и слава на великите учители и сесловенски просветители, ја потврдуваат не само нашата почит, туку и големината и трајноста на нивното дело, порачувајќи ни дека секое нивно присвојување, како и присвојувањето на јазикот и на сѐ што тие направиле, би ја намалило нивната рамноапостолска мисија, како и нивното сеопшто човекољубие и богољубие. Амин!

[1] Фил. 2, 11.

[2] 1. Кор. 14, 19.

[3] Георги Старделов, Слова, Макавеј, Скопје 2011, 249.

[4] Блаже Конески, „Слово за јазикот“, Нова Македонија, 29. 03. 1986, 5.

[5] Свети Климент Охридски, Собрани дела: Слова, поуки, житија, САС на МПЦ-ОА, Скопје, 2012, 130.

[6] Истото, 485.

[7] Истото, 468.

[8] Иван Корсунский, Значение святых Кирилла и Мефодия, как учителей народа русского.

[9]Панонски легенди, Македонска книга, Скопје, 1969, 29.

[10] Сп. Ефес. 4, 13.

[11] Свети Климент Охридски, Собрани дела: Слова, поуки, житија… 122.

[12] Истото, 124.

[13] Истото, 127.

[14] Истото, 129.

[15] Истото, 130.

[16] Сп. Пс. 116, 1.

[17] Јн. 6, 51.

[18] Од Анафората на Златоустовата Литургија.

[19]Игнатиј Антиохиски, До Магнезијаните, VII, 1.

[20]Ефес. 4, 4-6.

[21] Свети Климент Охридски, Цитирано дело, 477.

[22]Ефес. 3, 6.

[23] Ефес. 4, 3.

 

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/edinstvoto-vo-boga-%e2%80%92-trajno-edinstvo/

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

23/12/2024 - понеделник

Божикен пост (строг пост)

Светите маченици Мина, Ермоген и Евграф; Преподобна Ангелина и Св. Јован Деспот; Светиот маченик Гемел; Преподобен Тома Дефуркин;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная