логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

30 години од возобновувањето на

ПРАВОСЛАВНИОТ БОГОСЛОВСКИ ФАКУЛТЕТ

" СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ" - 1977-2007


 




 
КРАТКА БИОГРАФИЈА  И  БИБЛИОГРАФИЈА

 
Протоѓаконот проф. д-р Ратомир Грозданоски
е роден 1959 год. во село Брест, Македонски Брод. Во 1978 год. завршува Македонска православна богословија, а во 1983 год. дипломира на Православниот богословскиот факултет во Скопје. Во 1994 год. магистрира, а во 2001 год. докторира на Филолошкиот факултет во Скопје.
За подобро совладување на грчкиот јазик, на којшто биле напишани новозаветните библиски книги, студира на Аристотеловиот универзитет во Солун и на Филолошкиот факултет при Универзитетот во Атина. Посетува настава и на Богословскиот факултет во Атина.

По враќањето во Скопје е поставен за професор во Македонската Православна Богословија, а во 1990 год. е избран за професор на Богословскиот факултет во Скопје по предметите: Свето писмо на Новиот завет и старогрчки јазик. Д-р Ратомир Грозданоски,  како редовен професор, во 2006 година е избран и за декан  на Факултетот.

Протоѓаконот проф. д-р Ратомир Грозданоски е активно вклучен и во дејностите на Македонската Православна Црква, како близок соработник на архиепископите: Ангелариј, Гаврил, Михаил и Стефан, а од 1994 до 2006 год. е и секретар на Светиот архиерејски синод на Македонската Православна Црква.

Редактира, рецензира, уредува и лекторира книги и списанија со богословска содржина.
Членува во разни синодски комисии, учествува во црковни делегации и на научни симпозиуми, во Македонија и во странство.
Од теолошката проблематика проф. д-р Грозданоски посебно ги обработува тематските подрачја од егзегетиката на Новиот завет. Од оваа област има објавено повеќе научни трудови. Од особена важност се и објавените дела на протоѓакон проф. д-р Ратомир Грозданоски: Свети Климент Охридски, основоположник на Македонската Православна Црква, Скопје 1990; Евангелие според Матеј - прилог кон проучувањето и толкувањето на евангелскиот текст, Скопје 1993; Господовата молитва, Скопје (девет изданија, од 1994-2002); Михаил Архиепископ Охридски и Македонски, Скопје 1994; Десетте Божји заповеди – Декалог, Скопје (три изданија 1996, 1999 и 2005); Стефан Архиепископ Охридски и Македонски, Скопје 2000; Библијата во делата на свети Климент Охридски, Скопје 2001; Евангелие според Марко - проучување и толкување на евангелскиот текст, Скопје 2004; Десетте Божји заповеди - Декалог (во превод на Албански јазик), Скопје 2005; Послание на светиот апостол Павле до Римјаните - проучување и толкување на текстот, Скопје 2005: Блаженствата -  земнонебесни скалила, Скопје 2007; Апостолот Павле и Македонија, Скопје 2007;

Користи литература на црковно-словенски јазик и на сите словенски јазици, како и на грчки и на англиски јазик.
Живее и работи во Скопје.



Проф. д-р Ратомир Грозданоски:

Православниот Богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, во оваа возобновена форма, постои од 1977 година, бидејќи неговото првично постоење e од времето на св. Климент Охридски, односно како дел од Светиклиментовиот Универзитет во Охрид, којшто е и прв Универзитет во Европа. Во 886–та година, кога св. Климент доаѓа во Македонија, од Панонија и Моравија, отвора Универзитет во Охрид, а основен, матичен факултет на Универзитетот е Богословскиот факултет - теологијата. Потоа се оформуваат и другите сродни науки – историјата на уметноста, археологијата, книжевноста, литературата, па да речеме и агрикултурата, фармацијата, медицината и сè друго што можело да се изучува во тоа време, на тој Светиклиментов Универзитет. Ете, затоа ние тој континуитет го нагласуваме, го одржуваме и велиме дека годинава прославуваме 1221 година од нашето постоење и 30 години од возобновеното дејствување на Факултетот во оваа современа форма.


Факултетот беше потреба на Црквата и во 1977–та година, по десетгодишно автокефално дејствување на Македонската православна црква (1967 – 1977) или дваесет годишно возобновено живеење на Охридска архиепископија во лицето на Македонската православна црква (1958 - 1977), се почувствува потреба за оформување на кадар со високо црковно образование во Македонија. Црквата мислеше за својата посветла иднина, бидејќи до тогаш нашите богослови кои завршуваа петгодишна Богословија, требаше да се дообразуваат на факултети надвор од земјава. Секој тоа не можеше да си го допушти, бидејќи студирањето во странство беше се поскапо. Од друга страна, пак, секое студирање надвор, во некоја туѓа средина, подложно е на наметнати влијанија врз студентите. За да се одбегнат и таквите обиди на дејствување на туѓите влијанија однадвор, од кои со векови сме имале проблеми, Факултетот беше начин сето тоа да престане и да се отпочне со оформување на високо образовани кадри кај нас. А Македонската православна црква имаше потреба од дипломирани теолози и за идните архиереи, за професорите во Богословијата, а и за свештенството во градските средини, каде што повеќе од половината од парохијаните веќе се со високо образование.

Црквата мораше да обезбеди и свештеникот да биде на тоа факултетско рамниште. Не треба да се допушти свештеникот да биде подолу од најобразованите во средината. Така било на времето, а така треба да биде и во овој период. Сите овие потреби на Црквата го мотивирале Синодот да донесе одлука за отворање на Православен богословски факултет во Скопје. Првите професори беа долгогодишните професори од Богословијата. Тие беа многу искусни учители, за кои ние со респект си спомнуваме. Тие навистина знаеја да ги постават фундаментите на овој Факултет.




Матичната комисија, пак, за создавање на Факултетот беше составена од професори од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и од Македонската академија на науките и уметностите, како на пример: академикот Петар Хр. Илиевски, којшто е и теолог и филолог, потоа академикот Харалампие Поленаковиќ и други. Ред е да се каже и тоа дека главен иницијатор за отворање на Факултетот беше и тогашниот митрополит Повардарски Гаврил (Ѓорѓи Милошев), којшто своето хиротонисување, така да се рече, го услови со формирање на Факултетот. Тој беше и првиот декан на Факултетот. Но, се разбира, тоа не би било остварливо, ако не била и волјата на Поглаварот - Архиепископот Доситеј, возобновителот на Охридската архиепископија, првиот Архиепископ Охридски и Македонски, а и на другите тогашни членови на Светиот архиерејски синод, како и волјата на Универзитетот, Академијата и другите државни фактори.


Сега Православниот богословски факултет има петнаесетина реномирани професори, кои се познати во современата теолошка мисла кај нас и пошироко. Тие своето образовно и научно оформување го здобиле кај нас и во странство, на познатите теолошки центри во Рим, Атина, Белград, Софија, Бари и др. Учествуваат на научни конференции во земјава и во странство и даваат свој придонес во современото богословие. Свои трудови печатат и во Факултетскиот годишен Зборник и во други гласила.


Можеме да се пофалиме со фактот дека, буквално, сите професори во Богословијата, во Драчево – Скопје, се дипломирани теолози на нашиот Факултет, а од вкупно единаесетте архиереи во Македонската православна црква сосе Поглаварот, дури седуммина се дипломирани на нашиот Факултет. Ова е голема работа и значаен успех!
Денес Факултетот има повеќе од 1200 запишани студенти, од кои 230 се дипломирани. Наши дипломирани теолози се на последипломски студии надвор од нашава земја, на познати теолошки центри во светот. Ако Македонската православна црква сè уште има потешкотии во официјалната комуникација  со другите цркви и црковни центри, Теолошкиот факултет тоа го нема и тој соработува со сите православни цркви и тоа без проблеми, во една совршено добра соработка и нашите дипломи се признаваат од сите теолошки факултети во сите православни земји, а и во другите земји низ Европа и во светот, па нашите студенти таму се дооформуваат во своето образование на магистерски и докторски студии. Исто така, неколку докторати се одбранети и на нашиов Факултет, а некои се во тек на подготовка и одбрана.




Планираме Факултетот да започне и со последипломски студии. Програмата е подготвена, одлуката на Научно-наставниот совет и на Светиот архиерејски синод е веќе донесена и се очекува влегување на Факултетот во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и тогаш да отпочнат последипломските студии.
Програмата ќе започне не во сите дисциплини и по сите факултетски предмети и дисциплини кои се изучуваат на овој Факултет, туку на почетокот само со некои студиски групи. Студиите се групирани, систематизирани во четири студиски групи. Мислам дека, за почеток, според потребите и според професорскиот кадар, може да започнат последипломските студии во две групи и тоа: во библиската група и во историската група. За овие две групи има веќе заинтересирани кандидати, а и самите групи се веќе и кадровски подготвени.



Потребата, пак, од приклучување на Православниот богословски факултет кон Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје не е само наша потреба, туку и на Универзитетот. Во светот не постои Универзитет со високо реноме, на којшто не постојат теолошки студии. Таа потреба е взаемна. Ние инцијативата ја почнавме уште пред неколку години, но, за жал, тоа остана недовршено. Буквално, целиот проект остана во фиока кај претходната Влада на Република Македонија. Она што беше наша обврска кон Универзитетот го направивме: поднесовме елаборат и барање за членка на Универзитетот. Тоа го разгледуваше и управата на Универзитетот и универзитетскиот Сенат, и тие донесоа одлука за прифаќање на Православниот богословски факултет во состав на Универзитетот. Таа одлука беше доставена до Владата и, преку неа, требаше во Собранието на Република Македонија да се донесе Закон за основање на Православниот богословски факултет како државен, во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Но за жал, од политички причини, сето тоа Владата го фрли во вода, што е, пак, многу нечесно и дури навредливо и за Универзитетот, и за Македонската православна црква, а и за целата академска јавност во Република Македонија, бидејќи универзитетската елита за тоа се согласи. Ние, пак, се разбира, и понатаму соработуваме како колеги со професорската елита од Универзитетот. Наши професори заедно со нив учествуваат во повеќе заеднички проекти, научни собири и магистерски и докторски дисертации. Тоа е највидно и најприменето со сродните науки на теологијата, како што се: средновековната книжевност, лингвистиката, историјата, уметноста, архитектурата и др.


Теологијата и Црквата во сè била втемелена или барем ги ставила своите основи за натамошното научно развивање на тие научни гранки кај нас. Дури и медицинските и фармацевтските дисциплини, најпрво започнале по црквите и манастирите, каде што првите „лекаруши“ како и првите рецепти биле пишувани во манастирите, а првите исцеленија, лекувања и првиот болнички центар, како и центарот за геријатрија, па и за хирургија бил во Светиклиментовиот манастир на Плаошник и во „Свети Наум“. Тој Универзитет на свети Климент во Охрид, навистина бил почеток на сè и сето тоа се одвивало во Црквата, а за книжевните центри и да не говориме. Сè она што се проучува на Филолошкиот факултет во Скопје како средновековна книжевност, сето тоа е црковно богатство од средновекието, па друго и нема. И во сето тоа теологијата може да биде само од полза и да даде свој придонес. Затоа велиме дека Православниот богословски факултет во Универзитетот само ќе даде свој прилог. Ние и така имаме одлична перманентна соработка особено со Филолошкиот и Филозофскиот факултет, но тоа би се продлабочило и умножило.
Членството во Универзитетот го очекуваме да биде најдоцна до почетокот на наредната академска година, затоа што Владата веќе донесе одлука, а и Собранието прифати да се воведе веронаука во петто одделение во државниот систем за образование. Тоа значи дека во државните училишта во Македонија, од учебната 2008/09 ќе има веронаука, со што сме, исто така, последни во светов и во Европа. Но, фала му на Бога, што се донесе тоа да биде дел од образованието и воспитанието, ако некои злонамерници не го оспорат и не направат противно на она што е волја на народот, бидејќи 84% од луѓето во Македонија се искажаа дека се верници, а од нив 57% дека сакаат веронаука во училиштата. Црквата не прави анкети, туку специјализирана установа за тоа, а овие податоци се добиени токму од оние коишто, во основа, се залагаат да нема веронаука во училиштата. Но, пред фактите и боговите молчат, затоа и тие не можат да го порекнат добиениот процент.

Но, еве, во што е злоупотребата на фактот што Православниот богословски факултет не е дел од Универзитетот. Ќе образложам, посочувајќи два примера. Првиот пример е со наше искуство во странство, а вториот, дома – во Република Македонија.

Наш дипломиран теолог, сега монах и игумен на манастир во Австралија, имаше сериозни проблеми со добивањето на дозвола за престој и за работа во Австралија, затоа што дипломата не е од државен Универзитет на државата Република Македонија или акредитиран. Тоа не е мала работа и однадвор другите ни кажуваат како треба ние да се однесуваме внатре во нашава држава за значајните работи и дека треба да се цениме, почитуваме и признаваме, прво, ние самите, овде, за да не признаат и другите надвор и туѓинците.


Годинава, се случи, наши петмина студенти кои аплицирале во Министерството за образование и наука, за добивање стипендија, според сите критериуми ја добиле стипендијата. Но, во некои весници тоа го критикуваа и велеа:. Како може државата да дава стипендии за недржавен факултет. И, верувале или не, студентите ја изгубија стипендијата, само затоа што Факултетот не е дел од државниот Универзитет. Ова е еден од примерите на недостоинствен третман или дискриминација на нашите студенти во оваа земја.

Од 84% верници и 57% кои се изјаснија, конкретно, за веронаука, а тоа е навистина висок процент, а сигурно има деца – синови и ќерки на тие верници, кои студираат и на Православниот богословски факултет. Нивните родители и фамилии, преку разни начини на даноци и други давачки во оваа држава, го финансираат образовниот систем во Република Македонија. Од тие пари се и стипендиите на студентите. Со кое право, тогаш, и нивните студенти кои студираат теологија да немаат дел од тие средства. Каква е оваа дискриминација? Зар не е ова остаток од атеистичкиот систем?!



И најпосле, ако се воведува веронауката во училиштата, тогаш, задолжително, пред да почнат нашите дипломирани теолози да бидат вероучители во државните училишта, треба овој Факултет да биде државен. Најпрво треба Факултетот да биде државен, да биде акредитиран од државата и да биде член на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, за потоа да можат нашите дипломирани теолози со своите дипломи да работаат како вероучители во државните училишта. Ќе мора тој процес да се забрза и најдоцна до почетокот на академската 2008/2009 година, кога почнува веронауката во училиштата, Факултетот да биде веќе дел од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и да бидат, официјално, нашите дипломирани теолози професори, како што се и оние коишто се дипломирани по историја, по географија, математика и тн.

Според најновите најави, има размисли дека последиоломските студии на Православниот богословски факултет или воопшто, Факултетот со сите студии да биде преместен во Охрид, но сега засега во Охрид нема можности за тоа. Последипломските студии би се одржувале тука во Скопје, во попладневните часови, и без обврски за сместување на последипломците. Втора можност е да бидат во Охрид околу Плаошник, каде што би се изградил еден нов центар, односно, ако се возобнови Светиклиментовиот универзитетски центар. Но, тоа би почекало, бидејќи сè уште нема услови за тоа – изградбата не е ни почната. И третата варијанта е тие студии да бидат во некои од нашите манастири, како на пример во резиденцијалниот манастир во Калишта или во некои други. Последипломските студии би траеле две години, со изготвување и одбрана на магистерски труд, со што магистрите би се стекнале со право на докторски студии, и изработка и одбрана на докторат.





Ако сакате дел од програмата и од содржината за последипломските студии на Православниот богословски факултет, би можел да ви кажам дека на Катедрата по библиски студии, програмата за последипломски студии опфаќа во основа студии по предметите: Свето писмо на Стариот завет и Свето писмо на Новиот завет, но тие не можат да се реализираат без знаење и изучување на старогрчкиот и староеврејскиот јазик, во зависност од областа во која понатаму ќе работи кандидатот. Во тоа се вклучени и другите библиски дисциплини, како што се: библиската археологија, историја и географија на Светата Земја, па исагогика, библиска херменевтика и библиска егзегеза. Овие дисциплини се задолжителни и ќе мора да ги проучи секој од кандидатите на оваа катедра. А како дополнителни предмети ќе бидат и методологијата на научна работа и други кои ќе ги изберат студентите - кандидати за степенот Магистер по теологија.





Одбележувањето на 30 годишнината планираме да го направиме наесен, откако ќе се усогласиме со другите празнувања на општиот Јубилеј – 40 годишнина автокефално живеење на Македонската православна црква од возобновувањето на автокефалноста на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква. Бидејќи Богословијата и ние носиме исто име, може да се случи кај нас да биде на празникот на свети Климент (8 декември) или поврзано со неговиот празник. Одбележувањето ќе го збогатиме, покрај другото, и со доделување на дипломите на завршените студенти, дотолку повеќе што неколку години наназад не е организирана промоција на дипломирани теолози. Потоа, ќе има кратка свечена академија, со настап на црковен хор, како и изложба од современата иконографија и фрескосликарство во Македонија, како еден од белезите на монашкото живеење во манастирите на Македонската православна црква.


 

ПреминПортал

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная