Соборен храм Св. Климент Охридски- Скопје
На 26. 07. 2008 година на денот на светиот Архангел Гавриил и преподобна Сара Мисирска, во Соборниот храм посветен на св. Климен Охридски во Скопје, се отслужи Света Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Крвта и Телото Христови.
По Литургијата
„Простата облека човекот ја краси, а раскошната облека го краси човекот. Простата облека привлекува внимание на човекот, а раскошната облека привлекува внимание на самата себе.Страста за раскошно одело просто ја испива и суши душата човечка. Ова е вистинската причина зошто црквата од секогаш станувала против раскошта во облекувањето и препорачувала простота. Меѓу безбројните светители христијански не се спомнува ни еден, на кого раскошното одело му помогнало да се посвети“.
Посети:{moshits}