Денес, на 19 јули 2008 година, а по повод одржувањето на 60-годишнината од егзодусот на 28.000 македонски деца за време на граѓанската војна во Грција, и четвртата Светска средба на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија, во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје, Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, во сослужение на Митрополит Повардарски г. Агатангел и Митрополит Брегалнички г. Иларион, отслужи Панихидата во спомен на загинатите и починатите учесници во Антифашистичката и Граѓанската војна во Грција,
Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил во своето обраќање до присутните на Панихидата, го истакна препознатливиот македонски црковен, национален и културен идентитет, кој ниту со сила, ниту со силни страдања може некој да го избрише. Ја истакна силата на верата, која македонците со поколенија ја носат во себе, при тоа посочувајќи дека македонскиот народ е библиски народ кој ќе опстојува додека за век и веков.
Друго:
- Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски: „Ако ги заборавиме покојните, ќе заборавиме и на живите“ (19.07.2008)
- Порака до присутните на Панихидата во спомен на загинатите и починатите учесници во Антифашистичката и Граѓанската војна во Грција, на 19 јули 2008 година во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
Посети:{moshits}