Грижа за добро на сите луѓе! Таа грижа го исполнувала возвишениот дух и благородното срце на светите апостоли. Пишувајќи за апостол Павле, св. Златоуст го нарекува “заедничкиот татко на светот”. „Како да тој“, вели Златоуст, сам го роди целиот свет, така се обеспокоил, се грижел, навистина сите да ги воведе во „царството“. Навистина, превисок е овој назив “заедничкиот татко на светот”, но ако тој назив би се придодал на било кој, по Бога, да се придодад би можел само на апостолите Христови. По родителската грижа за сиот свет тие навистина беа „заедничи отци на светот“
Денес, кога Црквата Божја го празнува соборот на светите славни и сефални Апостоли, во манастирскат црквата на свети Георгиј, во Криви дол во Скопје, презвитер Игор Калпаковски во солужение на ѓакон Горан Стојчевски, отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
БЕСЕДА ЗА СИЛА И ДЕЈСТВО НА ДОБРИТЕ ДЕЛА
...Ако безбожникот те предизвикува, тоа не те предизвикува човек туку ѓаволот. Човекот по природа е побожен. Ако безумниот те нагрдува(измејува), тоа не те нагрдува човек туку ѓаволот. Човекот по пирода е умен. Ако озлобениот те гони, тоа не те гони човек туку ѓаволот. Човек по природа е благ. Ѓаволот не предизвикува на долги спорови и бесплодни разговори, а од доброто дело бега. Направи добро дело во името Христово, и ѓаволот ќе избега. И дури тогаш ќе имаш работа со луѓето, со прави луѓе: побожни, умни и благи. Но се што чиниш, чини во името Господово.
Господе преблаги, помогни ни нам да чиниме добри дела и со добро да победуваме во името Твое. Тебе слава и благодарност во веки. Амин.
Собор на Светите славни и сефални апостоли
Иако секој од Светите големи апостоли има свој посебен ден за празнување во годината, сепак овој ден Црквата го одреди како соборен празник на сите заедно, а со нив и Павле. Ова се имињата и деновите на посебното празнување на Дванаесеттемина:
Петар - 29 јуни и 16 јануари; Андреј на 30 ноември; Јаков Заведеев на 30 април; Јован Богослов на 26 септември и на 8 мај; Филип на 14 ноември; Вартоломеј на 11 јуни и на 25 август; Тома на 6 октомври; Матеј евангелистот на 16 ноември; Јаков Алфеев на 9 октомври; Тадеј на 19 јуни; Симон Зилот на 10 мај; Матеј на 9 август; Павле на 29 јуни.
Да спомнеме уште за начините како секој од овие најсвети и најполезни луѓе во историјата на светот го заврши својот живот на земјата: Петар беше распнат на крст главечки; Андреј беше распнат; Јаков Заведеев го убија со меч; Јован Богослов се упокои чудесно; Филип беше распнат на крст; Вартоломеј – распнат, па одран и заклан; Тома беше избоден со пет копја; Матеј го изгореа во оган; Јаков Алфеев – распнат на крст; Тадеј – распнат; Симон Зилот – распнат; Матиј го каменуваа, па мртов го расекоа со секира; Павле го убија со меч. (Од Верскиот календар на МПЦ)
Посети:{moshits}