Повест за покајанието на Теофил 06/07/2008
ЧУДО 24.-За Теофил што писмено се одрекол од Христа
Од завист кон епископот, Теофил му ја предаде душата на ѓаволот и на хартија се одрече од Христа и од Богородица. Но потоа горко се покаја, по четириесетдневен пост и солзливи молитви, плачејќи испроси прошка од Светата Пречиста и ја прими назад напишаната хартија што му ја беше дал на ѓаволот.
Јавно го исповеда својот грев во црквата пред епископот и народот. И кога епископот му изрече простување и го причести, лицето на Теофил заблеска посилно од сонцето. Тој е пример дека Бог не само што им ги простува гревовите на вистинските покајници туку и ги вбројува меѓу светителите.
Денес кога Светата Православна Црква го празнува споменот на светата маченичка Агрипина и светите маченици Евстохиј, Гај и другите со нив, во храмот посветен на св.Димитриј во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. Вернио народ се причести со Светите Тајни Христови.
По Литургијата
Возобновениот, прекрасен храм посветен на Пресвета Богородица, заштитничка на градот Скопје , за верниот народ отворен е секој ден од 10 до 18 часот.
Посети;{moshits}