Соборен храм Св. Климент Охридски
Трето наоѓање на главата на
свети Јован Крстител
Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на прогонството на Свети Јован Златоуст. А кога престана иконоборството, во времето на царот Михаил и патријархот Игнатиј, во 850 година, чесната глава на Свети Јован беше пренесена во Цариград и положена во придворната царска црква.
„Покајанието е обнова на крштението. Покајанието е завет со Бога дека ќе водиме еден нов живот. Покајанието е извор на смиреноста. Покајанието е неотповикливо одрекување од секоја желба за телесните добра. Покајанието е самоосудувачка мисла и грижа за себеси без грижа за надворешните работи. Покајанието е ќерка на надежта и порекнување на безнадежноста. Покајникот е осуденик кој не е лишен од чест. Покајанието е помирение со Бога по пат на вршење на добри дела, спротивни на претходните гревови. Покајанието е очистување на совеста. Покајанието – доброволно трпење на сите маки. Покајникот е човек кој самиот на себеси си изрекува казна. Покајанието е силно излегување од стомакот и тепање на душата со силни чувства.“
Св. Јован Лествичник
Во денот кога Светата Црква си спомнува на Трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител, во Соборниот храм посветен на Св. Климент Охридски се отслужи Божествена Литургија.