(МПЦО СВ. ЗЛАТА МЕГЛЕНСКА)
Во неделата на 29.06.08. кога Црквата ги слави Св. Тихон,епископ Аматунтски; Св. Маченици Тигриј и Евтоприј, Божествена Литургија отслужи протоереј Кирко Велински, парохиски свештеник.
На Литургијата, покрај голем број верници од Загреб и околните места, присуствуваа и драги гости од Република Македонија, членови на Куд „ Рацин“ , oд Kичево , кои се во еднонеделна турнеја низ Република Хрватска, предводени од господин Ѓорѓија Сајкоски, директор на НУ Центар за култура „Кочо Рацин“ од Кичево и господин Љупчо Ристески, програмски директор при Куд “Рацин“ од Kичeвo.
Во краткиот разговор со нашинците, дознавам дека ова младо фолклорно друштво е основано пред три години, делува во две постави, возрасни и млади членови, и негуваат македонски изворни песни и ора.
Во Р. Хрватска гостуваат прв пат, а по покана на Куд “Препуштевец“ oд истоименото место покрај Загреб, кое во традиција го имаа негувањето на меѓународна фолклорна манифестација.
Нашите млади кичевчани првиот настап го имаа пред загрепската публика , од која беа испратени со овации. Следеа потоа настапи во Цриквеница, Дуго Село и во местото на домаќините, Препуштевец , во чии семејства беа сместени и примени како најдраги гости.
Прекрасни беа облеките на фолклорашите, особено мене ми се дојми изворната носија од Кичево, и онака, измешани со нас, Црквата на Роковиот Перивој доби едно дополнително празнично руво. За чувствата и радоста што сме заедно...кој да пишва...грло се стега...секое срце трепереше како што трепереа свеќите.
Ви благодариме ние, ваши браќа и сестри , драги кичевчани за овој прекрасен дар што ни го дадовте доаѓајќи при нас, да се почувствуваме со вас, за еден миг, поблиску до нашата Татковина.
Известува: Стојанка Тежак
Посети:{moshits}