Празнувањето на големиот христијански празник Света Троица, донесе радост во душите на македонците кои живеат далеку од својата Татковина Македонија, а се духовно згрижени во храмот посветен на Пресвета Богородица во Лос Ангелес кој самите си го изградија и го ставија како скапоцен бисер на Свети Климентовиот егрдан од Цркви. Но голема радост се случи во домот на сега покојниот протоереј Борис Арсовски.
По точно 20 години од неговата прерана смрт, Господ им подари радост преку рожбата на Коко Борис, син на Мариче Арсовска и Алвен. На радоста и немаше крај, а особена беше на денот од неговото крштевање кое се изврши на брегот од Атланскиот океан. Радоста неможеше да се скрие ни во очите на неговата баба, протопрезвитерата Пандора и вујкото Славе, како и на родителите од Алвен, кои повеќе години го очекуваа овој чин.
Не како што ние сакаме, туку како што Бог сака, Неговата промисла беше, на дваесетгодишнината од смртта на протоерејот Борис, да внесе нов живот во домот, а со тоа и огромна радост.
Кумовите Бале и Сузана, со мвогу радост го воведоа кумашинчето во нашата православна вера и ветија пред Бога дека ќе се грижат за неговиот духовен растеж. Дај Боже, вакви радости да имаме почесто и во секој наш дом
Посакувајки му безгрижно детство на новокрстениот Коко Борис, се молиме, Господ Бог да биде со него и неговите родители и да го направи добар исполнител на Божјите заповеди.
За Преминпортал, од Лос Ангелес- отец Ристо Ристовски
Посети: {moshits}