Скопје, 8- ми ноември 2017 год.- храм на св. Петка, н.Црниче
Во дваесет и втората недела по Педесетница кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено молитвено го прослави споменот на св.вмч. Димитриј, свештеникот Зоран Велковски во сослужение на ѓаконот Мартин Ѓуревски отслужи Божествена Литургија во храмот на св. Петка, во Скопје. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.Во текот на литургијата отецот произнесе празнична беседа.
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 83)
Рече Господ во прикзана: еден човек беше богат и се облекуваше во порфир и во свила, и секој ден живееше раскошно и се веселеше. Имаше, исто така, и еден сиромав, по име Лазар, кој струплив лежеше пред вратата негова; и сакаше да се нахрани со трошките што паѓаа од трпезата на богатиот; и кучињата доаѓаа и ги лижеа раните негови. Умре сиромавиот и ангелите го однесоа во крилото Авраамово; умре и богатиот и го погребаа. И во пеколот, кога беше во маки, ги подигна очите свои и го виде оддалеку Авраама и Лазара во крилото негово. и, откако извика, рече: ,Оче Аврааме, смилуј се на мене и прати го Лазара да го накваси својот прст во вода и да ми го разлади јазикот, оти многу страдам во овој пламен!’
Но Авраам рече: ,Синко, сети се, дека ти си го добил своето добро уште додека беше жив, а Лазар злото; сега, пак, тој се утешува, а ти страдаш. Освен тоа, меѓу вас и нас постои голема провалија така што оние, кои би сакале да дојдат при вас, не можат; а исто така и оние оттаму - при нас’ 27. А тој пак рече: ,Тогаш, те молам, оче, прати го во татковата ми куќа, зашто имам петмина браќа, та да им посведочи, за да не дојдат и тие во ова место на маките!’ Авраам му рече: ,Тие го имаат Мојсеја и Пророците; нив нека ги слушаат!’ А тој рече: ,Не, оче Аврааме, туку, ако некој од мртвите отиде при нив, тогаш ќе се покајат.’ Авраам му рече: ,Штом Мојсеја и Пророците не ги слушаат, тогаш и да воскресне некој од мртвите, тие нема да му поверуваат.“
Преминпортал (к.т.)
Друго:
„Пастирската служба според Светите Три Светители“(1)
„Пастирската служба според Светите Три Светители“ (2)
„Пастирската служба според Светите Три Светители“ (3)
- Божествена Литургија во храмот на св.Петка, Скопје (09.10.2017)
- Божествена Литургија во храмот на св. Петка, Скопје (22.06.2017)