Скопје, 23-ти april 2017 год.- храм на св. пророк Илија на празникот на Св. маченик Евпсихиј; преподобен маченик Вадим
Во втора недела на Воскресение,кога Светата Црква молитвено го празнува споменот на Св. маченик Евпсихиј; преподобен маченик Вадим, во храмот на св.пророк Илија , во населбата Аеродром, во Скопје, свешеникот Ангел Сердарски отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Црквата не е некаков апстрактен систем, туку севкупен живот. Христос не е идеја, туку Богочовек со воскреснато тело, кое зрачи со божествена светлина, и дека ние можеме да Го допреме. Црквата е Тело Христово, сочинета од Таинствата, изразена преку догмите и свештените канони, остварена во едно одредено црковно општество. Богословието на Црквата е искуствено, тоа е „Таинство на допирот“.
Преминпортал (к.т.)