логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

02.jpg

5/18 јануари 2017 лето Господово,
Водокрст.

Во навечерието на Светото Богојавление и на Крштението на Господа Бога и Спасителот наш Исус Христос, во Бигорската Света Обител се отслужи традиционалното бдение спроти Водокрст, на кое и оваа година, на наша голема радост, молитвено присуствуваа и кумовите на крстот од соседните села: Ростуше, Велебрдо, Битуше, Требиште и Јанче.


Ноќта помината во молитва, содржината на празничните читања и песнопенија на Царските Часови и Вечерната, причестувањето со Светите Христови Тајни на Василиевата Литургија, благодатта и избликот на радост од Богојавленскиот водосвет во манастирската фијала – сето тоа духовно ги подготви нашите души за вистинско доживување на празникот на Светлините... А, секако, тука беше и созерцателната беседа на нашиот мил Старец, Архимандрит Партениј, со која уште од почеток го разгоре жарчето на нашата вера:

03.jpg


Слово на Неговото Високопреподобие, Архимандрит Партениј, изговорено во храмот пред почетокот на сеноќното бдение за Водокрст

Возљубени верници, браќа и сестри, добро ни дојдовте вечерва во нашата Света Обител, за да се помолиме заедно на ова карактеристично за нас бдение во навечерието на големиот Господов празник, Богојавление. Особено им се заблагодарувам и им посакувам голем Божји благослов на кумовите на крстот од околните села! Јас навистина усрдно се молам, оваа прекрасна и исклучително значајна традицијата со кумувањето на крстот никогаш да не згасне; но, напротив, Христијаните од реканскиов крај да станат уште посилни во верата, така што да не дозволат овие села некогаш да бидат избришани од споменот на нашата христијанска историја. Зашто, овој Манастир, заедно со жителите на околните села, придонеле несомнено многу за духовното издигнување на нашиот народ. Благодарение токму на нив, и пред сè, на монасите будителите – кои, се разбира, во најголем дел потекнувале од овие села - ние ја имаме и денес се гордееме со т.н. Преродба од 19 век, кога славјаномакедонскиот народ доживеал потполна црковна и народна еманципација.
А до тоа дошло најмногу поради фактот што овие наши предци имале силна вера во Господа; нивна пофалба бил единствено Крстот Господов (сп. Галат. 5,14). Тоа се гледа особено на овој празник на светото Просвештение, празник што со посебно торжество го славеле. Токму на овој ден тие пред сите решително покажувале дека ќе останат верни на Крстот Христов и на вистинската прадедовска вера. Пред сите јавно исповедале дека со крстот ќе живеат, со крстот и ќе умрат. Ете, тоа е значењето на кумството на крстот кое и до ден денес, покрај сите искушенија и страданија што како народ сме ги претрпеле во текот на последново столетие, сепак, преживеало како обичај. Се радувам што и оваа година гледам како Христијаните од околниве сила со искрена ревност се држат до обичајот со кумството на крстот, празнувајќи го молитвено и големиот празник на Крштението Христово. Празникот Водици има навистина огромно значение, не само за луѓето, туку и за целата природа, зашто и таа се обновува и осветува преку Јорданската теофанија на Триипостасниот Бог. На овој празник, имено, кога на реката Јордан се крштеваше Второто Лице од Божествената Тријада од страна на великиот Пророк и Претеча, Св. Јован Крстител, Троичниот Бог се објави Себеси толку отворено и јасно како никогаш дотогаш. Додека Христос, воплотеното Слово и Син Божји, како човек се крштеваше во водите на Јордан, Бог Светиот Дух застана над него во вид на гулаб, и Бог Отецот се јави преку Својот Божествен глас, сведочејќи: Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја! (Матеј 3,17)


На што нè поучува Христовото Крштевање? Истото на што нè поучи и Неговото Рождество. Впрочем, две чудесни добродетели постојано го пратат Христа во Неговиот живот на земјата: крајното смирение и целосното послушание. На Божик видовме дека Синот Божји во крајно смирение и послушание се роди заради нашето спасение, станувајќи и Син Човечки. На денот, пак, на Светото Крштение, Он необлечен влегува во Јорданските води, за да му даде нова духовна облека на човештвото, повторно преку послушание и смирение. На тој начин Он ни постана совршен пример за тоа како можеме да се спасиме и да го достигнеме обожението и соединување со Бога, што е и крајната цел на нашето суштествување; значи, преку смирение и послушание кон Божјата волја, откриена во Неговата света Црква. Ако првиот човек Адам, преку непослушание кон Божјата заповед, отстапи од заедницата со Него и беше соголен од духовната облека со која Господ го беше украсил, тогаш, преку Синот Божји, Кој облекувајќи се во човечко тело ја обожи човечката природа, ние одново се облекуваме во облеката на Божеството. Тоа е и смислата на светата тајна крштение: кога некој се крштева, било дете, или, пак, возрасен кој ја спознал вистинитоста на христијанската вера, па посакал да се крсти и станал огласен, на него, преку крстителната вода, слегува благодатта на Светиот Дух - истата онаа благодат од Крштението Христово што ги осветила Јорданските води. Затоа на големата ектенија при оваа света тајна, ние се молиме: „да се освети оваа вода со силата, дејството и слегувањето на Светиот Дух..., да ѝ се испрати благодатта на избавувањето и благословението Јорданово..., да дојде на оваа вода очистителното дејство на предвечната Троица..., да му биде оваа вода бања на повторното раѓање, за прошка на гревовите и облека на нетление...“ Следствено, на светата тајна крштение, врз крштеваниот слегува благодатта на Светиот Дух, се осветува човечкото тело, се погазува стариот гревовен човек по Адама, а се раѓа нов, внатрешен човек во нашиот Спасител Христос, облечен во нетлена облека. Така, нашиот живот добива духовна смисла на постоењето и предназначение за вечниот живот. Со крштението во Христа ние едноставно се облекуваме во Него, како што и пееме после трикратното потопување: „Вие кои во Христа се крстивте, во Христа се облековте“.Ова суштинско сотериолошко и обожувачко својство на христијанската вера добро го знаеле нашите предци од овие секогаш несигурни предели, и точно поради тоа успеале да се одржат и во најтешки времиња. Нераскинливо сродени со оваа голема наша Светиња, со овој свет Манастир, тие оставиле богато наследство од нивата високиздигната духовна и културна свест. Показател за тоа се и денешните нивни чеда, коишто, иако не така силно и огнено, сепак, како мали жарчиња во пепелта сведочат за некогаш големиот пламен на верата на нивните претходници. Некои од кумовите што вечерва се тука, можеби и не ја знаат точно духовната содржина на овој древен обичај, ама поради огнената вера на предците, тие денес светат како жарчиња. Потребно е сега жарчињата повторно да се разгорат во силен оган, доколку сакаме добра иднина. Зашто без Христа нема ни добро минато, ни среќна сегашност, ни светла иднина. Он е единственото добро и Творец на доброто; Единствениот Кој почуваше на совршена љубов и ја докажа неа, умирајќи на Крстот од љубов кон човекот. Со Неговото сеславно Воскресение, пак, ѝ ја даде крајната смисла на апсолутната љубов, а со тоа и на човечкиот живот.

Господ да ни ги отвори духовните очи за да го разбереме сето она што Он го направи, и секојдневно го прави за нашето спасение, бдеејќи постојано над нас и закрилувајќи нè кога ние не сме ни свесни за тоа! Да упатиме вечерва молитва кон Него, што повеќе луѓе да се просветат со благодатта од сегашниов празник и огнот на верата да се разгори во срцето на нашиот народ, за да имаме подобра иднина и накрај да станеме наследници на спасението. Деновиве еден човек што неодамна ја посетил Света Гора ми раскажуваше како, кога во манастирот Ватопед запрашал некој монах дали и кога ќе има трета светска војна, монахот мудро му одговорил: „Поважно е прашањето зошто, отколку кога... Затоа што денес не е толку голем проблем гревот во човештвото - него отсекогаш го имало - но, проблем е тоа што луѓето денес го величаат гревот и злото го претставуваат како добро“. И навистина, современата пропаганда и концепт на живеење не ни оставаат простор да си го подобруваме ни сопствениот карактер, сопствената личност, а камоли нашето опкружување. И така, светот станува сè полош и полош. Во минатото, кога во светот и кај нас преовладувала христијанската философија на живот, луѓето, особено Христијаните, знаеле дека треба да се борат со своите страсти и гревовите. Не дека биле безгрешни - човек безгрешен нема - но, знаеле да различат што е добро а што зло, што праведно а што неправедно. Кога ќе паднеле во грев, тие го осудувале гревот во себеси, оттргнувајќи се од злото и стремејќи кон доброто, според зборовите на Божествениот Павле, кој поучува: отстранувајте се од злото, прилепувајте се кон доброто (Рим. 12,9). А денес, за жал, гледаме дека мнозинството луѓе го практикуваат токму обратното: за нив злото станало добро и нешто што заслужува пофалба! Ете, тоа е најстрашниот проблем на нашето совремие и затоа монахот кажал дека тоа е причината што ќе донесе војна во светот. Меѓутоа, ние Христијаните не смееме да губиме надеж, па макар и во колку тешки неприлики да живееме; напротив, треба да се бориме со сите свои сили за доброто да преовладее, а најнапред, како што советува Апостолот, да отфрлиме од себеси секакво бреме и грев, што лесно нè окружува, и со трпеливост да побрзаме кон претстојната борба, имајќи Го пред очи Началникот и Завршителот на верата – Исуса, Кој, поради Неговата идна радост претрпе крст, откако го презре срамот, и седна од десната страна на престолот Божји (Евр. 12,1-2). Во Господа Христа ние имаме таков совршен пример на послушание и смирение, што немаме изговор да не ја исполнуваме волјата Божја. Крајно послушен на Својот Отец, Самиот сакајќи го истото што и Отецот го сака, Синот Божји се понизи Себеси и во неискажливо смирение дојде во светот „заради нас и заради нашето спасение“ (Символ на верата). Да се потрудиме да Го последуваме Христа, исполнувајќи ја Божјата волја и тогаш светот сигурно ќе биде подобар и помирен, затоа што ќе знаеме да се жртвуваме едни за други. Љубовта ќе ни биде водилка, а радоста награда.

Да сте живи, здрави и благословени! Добро бдение и просвештение на сите!

 04.jpg

05.jpg

06.jpg

09.jpg

10.jpg

13.jpg

14.jpg

19.jpg

20.jpg

23.jpg

24.jpg

26.jpg

27.jpg

Повеќе

Извор: Бигорски манастир

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за Прeсвeтата Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeтата Дeва Бoгoрoдица

Или, акo e слугинка oнаа кoја крoткo и мoлчаливo ги пoднeсува ситe наврeди и тeшкoтии, oчeкувајќи самo награда oд свoјoт гoспoдар, тoгаш пак e Прeсвeта Дeва, првата и најдoбрата oд...

Митрополит Струмички Наум: ДЕЈСТВУВАЊЕ СЕГА И ОВДЕ

Митрополит Струмички Наум: ДЕЈСТВУВАЊЕ СЕГА И ОВДЕ

Последици од умислениот живот таму и некогаш се: очајание и напуштање на конкретниот подвиг, апокалиптични проекции во кризни ситуации, зависност од социјални мрежи, неуспех, неблагодарност, незадоволство, незнаење итн...Има и друго...

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

Љубoвта на хрстијанинoт, пак, би мeжeла да рeчe: “Ти, Гoспoди, ми даваш здравјe и тoа e дoбрo. Ти ја палиш свeтлината, пушташ дoждoви, сo грoм вoздухoт гo oсвeжуваш и тoа...

Дедо Наум: Кој има уши да чуе и отворено срце за да разбере..

Дедо Наум: Кој има уши да чуе и отворено срце за да разбере..

Да повторам, единствена Глава на Црквата е Христос, а Епископот се почитува како оној што е на место и обличје Христово, како икона Христова. Ова го потврдува и Самиот Господ...

БEСEДА  за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

БEСEДА за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

 Пoбeдата e главнoтo задoвoлствo на oниe кoи сe бoрат. А христијанитe сe, браќа, вo нeпрeстајна бoрба, вo бoрба за пoбeда на духoт над матeријата. Вo бoрбата за прeoвладувањe на вишиoт...

Св. Јован Шангајски: Богојавление

Св. Јован Шангајски: Богојавление

За да се овозможи оваа промена, за природата да се подготви за непропадливоста која ќе настапи после судниот ден, Христос дојде на водите Јордански. Слегувајќи во Јордан, Христос не ги...

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Да го бараме од Бога тоа божествено просветлување, за кое некои од нас имаат не каков мал опит. Понекогаш се отвораат душевните очи и гледаме нешто друго. Тој што го...

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

„Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така,...

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

« »

Православен календар

 

31/01/2025 - петок

+Св. Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски; +Св. Кирил Александриски; Св. Максим, архиепископ Влахозадпланински;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Чудотворната икона на Пресвета Богородица Млекопитателница12 јануари / 25 јануари 2025

Тропар на Чудотворната икона на Пресвета Богородица Млекопитателница12 јануари / 25 јануари 2025

Со благоволение на Oтецот,  од Божествениот Дух бессемено си го зачнала Синот Божји;Оној Кој постои од Отецот без мајка пред...

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Словото Божјо привлекувајќи те кон Себе,со мудрост те обдари,о свети епископе Григорие,венец исповеднички доби,кога црквата од ереси ја очисти,

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Светлината која се покажа на лицето твоеја истера темнината на незнаењето,о, Полиевкте блажен ученику на Љубовта Божја,тебе кого Христос Го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная