Во музиката давам дел од себе, од својот живот, ги искажувам своите емоции и напорите да оставам свој белег. Мојата музика ги изразува моите чувства. Ова се зборовите на светски познатиот сопран Барбара Хендрикс искажани на денешната прес-конференција пред нејзиниот вечерашен настап на сцената на Античкиот театар во Охрид.
БАРБАРА ХЕНДРИКС Е ВОДЕЧКИ СВЕТСКИ СОПРАН, ПИТОМЕЦ НА РЕНОМИРАНАТА ЏУЛИЈАРД- ШКОЛА.
Таа е почесен доктор на повеќе европски и американски универзитети, член на Шведската музичка академија, познат светски хуманист и одликувана со „Витез на почесната легија“. бѓ/паг/13:15
пп