Во денот, кога Светата Црква го слави споменот на светиот свештеномаченик Јануариј и другите со него и светиот маченик Теодор и другите со него, во манастирската црква посветена на на вмч. Георгиј во Криви дол во скопје, се отслужи Божествена Литургија. Многубројниот верен народ се причести со Светите Тајни Христови.
Кога Господ им се јави на Своите ученици по Воскресението, и кога почна да му зборува на Апостол Петар, не го прекори, туку благородно го праша: “Mе љубиш ли?” (Јован 21, 15). Овие умилни зборови на Господовата татковска љубов, нè учат и ние да постапуваме така со луѓето кога некој ќе нè повреди. Во тоа е благородноста Христова, и тоа е недостижно за човекот, а се познава само преку Светиот Дух.
(старец Силуан Атонски)
Посети: {moshits}