логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


nedela.svetla.jpg
 

 nedela.svetla1.jpg

Светиот свештеномаченик Јануариј
и другите со него
     (04/05/2008 )

Овој светител беше епископ во Кампанија Италијанска. За време на гонењето на Максимијан беше изведен на суд и мачен на разни начини, а тој поднесе сѐ трпеливо. Кога го фрлија во оган, огнот се разлади со невидлива роса и маченикот стоеше неповреден сред огнот и Му пееше пофалба на Бога. Тогаш му го стружеа телото со железни четки дури коските не му побелеа, но маченикот поднесуваше незлобливо и трпеливо. Неговиот ѓакон Фауст и чтецот Дисидериј, коишто ги гледаа неговите маки, плачеа по својот духовен отец, но и нив ги врзаа и заедно со епископот ги поведоа во градот Путеол и ги фрлија во затвор. Во истиот затвор беа затворени за Христа и путеолските ѓакони Прокул и Сосиј и двајца лаици христијани Евтихиј и Акутион. Сите седуммина ги фрлија пред ѕверови. Но ѕверовите не ги ни допреа. Тогаш ги убија со меч, а неаполските христијани тајно го пренесоа телото на Свети Јануариј во својот град и чесно го положија в црква. На гробот на овој светител до денешен ден се пројавуваат многубројни чуда. Меѓу бројните чуда запамтено е и тоа дека една бедна вдовица, на којашто ѝ беше умрел синот единец, ја зеде од црквата иконата на Свети Јануариј и ја положи на својот мртов син плачејќи и молејќи го светителот. И нејзиниот син оживе. Свети Јануариј пострада чесно во 305 година.

Светиот маченик Теодор
и другите со него
     (04/05/2008 )

nedela.svetla4.jpgЗа верата Христова пострада во Перга Памфилиска во времето на царот Антонин. Теодор беше млад и со убаво лице. Кога намесникот на таа област го избра заедно со други момчиња, за да ги испрати на служба во царскиот дворец, Теодор се спротивстави и изјави дека тој е христијанин. За ова беше мачен со разни маки, а потоа фрлен во оган. Но од земјата изби вода и го угаси огнот. Намесникот ова им го припишуваше на некои Теодорови магии. А маченикот му рече: „Ова не е дело на мојата сила, туку на мојот Бог Христос; а ако сакаш да ја познаеш силата на твоите богови запали друг оган, па фрли во него еден од твоите војници и се надевам ќе ја познаеш нивната сила и семоќта на мојот Бог.“ Намесникот сакаше навистина да фрли еден од војниците, но тие во страв го молеа да го фрли жрецот Диоскор наместо нив. Жрецот пак молеше да го фрлат самиот идол Ѕевс и останатите идоли, па ако се богови, тие лесно ќе се спасат самите себеси. Диоскор ова го рече бидејќи откако го виде чудото со Теодор веќе беше со срцето обратен кон Христа. Кога дозна за ова, намесникот го осуди Диоскор на смрт и го запали. Исто така го предаде на смрт и Теодор со двајца војници, Сократ и Дионисиј и мајката на Теодор, Филипа. Теодор го распнаа на крст, на којшто тој издивна дури третиот ден. Сократ и Дионисиј ги прободија со копје, а Филипа ја убија со меч. Сите стекнаа венци на слава во царството Христово. (Од Врескиот календар на МПЦ) 

nedela.svetla2.jpg  nedela.svetla3.jpg

 nedela.svetla5.jpg Во денот, кога Светата Црква го слави споменот на  светиот свештеномаченик Јануариј и другите со него и светиот маченик Теодор
и другите со него
      , во Соборниот храм посветен на св. Климент Охридски  се отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.

 nedela.svetla8.jpg

 nedela.svetla7.jpg

nedela.svetla6.jpg 

Посети:{moshits}


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

« »

Најнови вести

Православен календар

 

17/07/2026 - петок

Св. Андреј, архиепископ Критски; Св. Марта; Преп. Андреј Рубљов ; Светото царско семејство Романови ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули  2026

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули 2026

Ризата беше свечено пренесена и положена во црквата Влахерна. (Оваа црква ја соѕидаа царот Маркијан и царицата Пулхерија на брегот...

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Иако секој од Светите големи апостоли има свој посебен ден за празнување во годината, сепак овој ден Црквата го одреди 

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2026

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2026

Првопрестолни меѓу апостолите и учители на вселената, молете го Владиката на сите,да и дарува мир на вселената,а на нашите души голема милост.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная