Како што во Адам сите умираат, така и во Христос сите ќе оживеат (1.Кор.15,22)
Славејќи ја силата на Христовото Воскресение, во манастирската црква на св. Никола во селото Љубанци(скопско), на вториот ден од Воскресението, се отслужи Божествена Литургија. Причестувајќи се со Телото и Крвта Негови, верниот народ ја восприема и големата Света Тајна на Црквата Божја.
Традиционално, жителите на Љубанци, празникот на Воскресението Христово соборно го дочекаа во селската црква на св. Никола, втор ден- Велигден, тие се собраа на Светата Литургија во манастирската црква на св. Никола, а на третиот ден од најголемиот Христијански празник, во црквата на св. Никола во селото Љуботен.
Гостите најпрво беа пречекани со црвено велигденско јајце во манастиркиот двор, а по Литургијата заедно се собраа на трпеза на љубовта во спомен на Христовото Воскресение и со надеж и вера во сеопштото воскресение.
Посети:{moshits}