логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

01.jpg

20 јули/2 август 2016 лето Господово

02.jpg

 03.jpg

04.jpg

Чествувајќи го споменот на огнениот во верата пророк Илија, кој со својата молитвена ревност го поткрепи денот на нашето национално востание и денот на создавањето на современата македонска држава, дел од братството и сестринството заедно со својот возљубен Старец, Архимандрит Партениј, традиционално го одбележа овој двоен спомен со Божествена Литургија во славното огниште на многу наши родољубиви дејци – Лазарополе. Потсетувајќи се на своите силни во верата предци, кои успеале низ долгите векови на големи страданија, ропство и бројни жртви да го сочуваат својот духовен и национален идентитет и да им ги предадат како најголема светиња на своите потомци, ревносните Лазарополци го преполнија храмот посветен на Св. Георгиј Победоносец и со голема будност и молитва зедоа учество во богослужбата. А славниот пророк Илија го награди нивниот подвиг со голема благодат од Бога, која особено ги посети нивните срца, кога вдахновените зборови на нашиот Старец уште повеќе ја разгореа нивната вера и љубов кон Бога и кон Татковината:

09.jpg

Слово на Неговото Високопреподобие, Архимандрит Партениј, за празникот Илинден, изговорено до храмот „Св. Вмч. Георгиј Победоносец“ во Лазарополе

„Драги лазарополци, мили браќа и сестри Христијани! Дозволете ми најнапред да ја искажам својата преголема благодарност  кон Бога, што нè удостои и денес, после точно една година, повторно да отслужиме Божествена Литургија во овој велелепен храм, во ова прекрасно и славно село, кое отсекогаш ме потсетувало на нашите историски издигнувања, но и на нашите историски паѓања. Денес за нас, православните Македонци, е голем ден, двојно торжество – и духовно и национално. Духовно, затоа што го славиме великиот пророк Свети Илија, огнениот старозаветен ревнител за верата и љубовта кон Бога; а национално, поради тоа што на овој ден пламнало херојското Илинденско востание, а се одржало, исто така и Првото заседание на АСНОМ – две преславни собитија, со кои се запечати подарената ни од Бога слобода за нашата татковина Македонија.

Неслучајно двата најсуштествени настани од историјата на нашата земја се случиле токму на споменот на Светиот Пророк Илија. Впрочем, од неговото преубаво и многу поучно житие можеме да дознаеме кои се причините едно човечко општество да доживее внатрешна ерозија и потполно да се распадне, како и кој е начинот тоа повторно да се издигне и да напредува во благосостојба. Причината за големиот морален пад на старозаветниот Израил праведниот Илија ја нашол во царскиот двор, кој наместо да Го исповеда и да Му служи на единствениот вистински Бог, му се поклонувал на тогашните египетски и асирски лажни богови, развратувајќи го со тоа кривоверие и целиот народ, западнат во неморал. Затоа Свети Илија ревносно го укорувал царот Ахав и тогашното израилево општество за нивниот презир кон Господа и кон Неговите заповеди (3 Цар. 18,18). И успеал со неговата пламена ревност и љубов, целосно да го разобличи погубното идолопоклонство и, со Божја помош, да го врати својот народ кон Бога.

Такви светли и скапоцени личности како Св. Илија сме имале и ние низ минатото, и тоа многумина - луѓе со цврста вера, ревност по Бога и пожртвуваност, кои успеале мноштво народ да водат по патеките на Божјата вистина. Меѓутоа, со тага можеме да констатираме дека денес имаме голем недостиг од такви луѓе. Зашто, за да се јават такви богомудри предводители потребна е голема вера во Бога, која, пак, за жал, во нашиот народ како да оладела. Но, затоа секогаш како силно светило ни останува примерот на Свети Илија, од кого гледаме дека правоверието има суштествена важност за еден народ да може да застане на вистинските евангелски корени и непоколебливо да зачекори по патот на своето духовно и морално восовршување. Оти само кај човекот кој покајнички се враќа при Бога и се држи до правоверието, може да се утврдат вечните морални вредности. Единствено таквиот човек ќе знае и ќе биде способен на вистински начин да го вреднува своето семејство и својата татковина. Подготвен ќе биде, според учењето на нашиот Господ Исус Христос, да ја жртвува и својата душа за своите ближни, како што преблагиот Спасител во Евангелието вели: Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели (Јован 15,13). И токму врз таквите личности, кои, воспитани во евангелски дух, ги жртвувале своите животи за ближните, е втемелено постоењето и слободата на нашата Македонија! Тоа е бесценет Божји дар, придобиен од тие свети жртви.

Денес, пак, како да сме го заборавиле сето ова, нашиот народ како да станал повеќе идолопоклонички, одошто богопоклонични. Во него полека избледнело спознанието за Бога. А доколку некој не Го познава Бога, не Го гледа, не беседи со Него во своето срце, тој во суштина станува идолопоклоник. Сега луѓето, можеби, не се поклонуваат на такви ракотворни богови, какви што биле египетските, асирските, или грчките идоли, но, сепак, ги обоготворуваат и им се поклонуваат на своите страсти. Над сè ги претпочитаат парите, земната слава и безбројните уживања, наместо пожртвуваноста за својот ближен и за својата татковина. Но, Бог, по Својата неискажлива милост не нè остава! И нашите обожени предци не нè оставаат, исто така. Тоа особено го почувствував кога, пред околу две недели, служевме Света Литургија во храмот на Светите Петар и Павле во Галичник. И бидејќи бевме само неколкумина, ме надвладеа малку тага, но предобриот Бог веднаш ме утеши, ми ја исполни душата со голема благодат. Ми даде, всушност, да почувствувам дека кога сме на Литургија, во тој духовен простор, кога вечноста влегува во времето и времето во вечноста, ние никогаш не сме сами. Макар да се само двајца или тројца присутни во храмот, таму е и целата небесна Црква, која на таинствен начин се соединува со земната. Затоа, за време на подготовката на Светата Литургија, од светиот леб, просфората, свештеникот вади честици, и за живите, и за покојните. Тоа ни покажува дека Црквата е една. Така, преку Божествената благодат, ние можеме да го почувствуваме присуството на нашите предци, секако на оние кои, поради нивното праведно живеење и пожртвуваност, се удостоиле да бидат членови на небесната победничка Црква и да имаат слобода пред Бога.

Истото тоа чувство го имаме и денес овде. Присуствуваат и се радуваат тука со нас душите на славните лазарополци, кои не ги штеделе своите животи за спасоносната православна вера и за Татковината наша. Најнапред, славниот Ѓурчин Кокале, кој го изградил овој огромен и прекрасен храм во тоа тешко време; потоа богоблажениот Архимандрит Анатолиј Зографски, кој целиот свој живот Му го подарил на Бога и на својата Татковина; тука се и душите на преродбеникот Васил Икономов и Архимандритот Теофил, како и на многу други богољубиви и родољубиви лазарополци, чии имиња се запишани во книгата на небесната Црква. Сите тие биле слични на пророкот Илија во нивната љубов и ревност за Бога. Затоа, да ги молиме да се застапуваат за нас пред Бога, та нашиот народ да се врати што повеќе и поскоро при своите евангелски корени, та да можеме да ја сочуваме оваа мала држава со многу крв платена, и, како што во нашата химна пееме, ’Македонија слободна, слободно да живее‘.

Но, за таа слобода да опстане, треба да се потрудиме и ние, тргнувајќи лично секој од себе. А ќе дадеме свој придонес во тоа, доколку, пред сè, духовно се ослободиме себеси. Зашто вистинската слобода се состои во тоа, откако човек ќе се спознае добро себеси, да се надмине себе со Божја помош, и да се издигне над своите ниски човечки страсти, личните задоволства и егоизмот. Само таквиот човек ќе биде вистински слободен и ќе овозможува простор и слобода за и другите да живеат, оти ќе се грижи најнапред за своите ближни, а дури потоа за себе.

Светиот Пророк Илија, заедно со сите други Светии и праведниците од нашиот род, нека се моли што повеќе луѓе да се вратат во Вистината и да се утврдат во верата православна. Нека ни е честит денешниот празник и вечна нашата Родина Македонија! Амин!“

 05.jpg

06.jpg

07.jpg

 08.jpg

10.jpg

Извор: Бигорски манастир



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная