Ревносната молитва е непосредна духовна должност за зачувување на круната на добродетелите - љубовта. Подвизувајте се во молитвата доколку сакате во вас да престојува Христос и Тој, како најопитен војсководец, ќе се бори заедно со вас. Ќе се бори со вас и ќе ви ја подари победата.
(старец Ефрем Филотејски)
Ако некои луѓе сторат тежок престап пред Царот, и заради тоа Тој ги испрати во затвор или во темница, па кај нив дојде гласник од Царот и им објави дека Царот ги помилувал, дека им ги простил престапите, и повторно ги повикува во Своето Царство и во Својот дом, и им дозволува да живеат во мир и во спокојство – о колку радосна би била таа вест за осудените! Ние со прататкото наш Адам сите сме згрешиле пред Бога, Царот Небесен, и затоа од рајот сме изгонети во овој свет, како во заточеништво. Христос, Синот Божји, Ангел на големиот совет, дојде при нас, изгонетите и осудените, и ни донесе преслатка вест од Својот Небесен Отец, и ни објави дека Бог ни простува, и повторно нè прима во Својата милост. Тој ни вели: „Не бојте се, не очајувајте, бедни и отфрлени луѓе! Ви носам добра вест од Отецот Мој Небесен. Согрешивте сите – Тој ви ги простува гревовите. Се одвративте од Него – Тој повторно ве свртува кон Себе. Пострадавте смртно – Тој преку Мене ве спасува. Ве изгонија од рајот заради грев – Тој со Својата благодат наместо рај – небото ви го дава.
Посети:{moshits}