Велигден во Лос Ангелес
Според сите правилата на нашата Света Македонска православна црква, годинава на најсвечен начин го прославивме Воскресението Христово. Црквата беше претесна за да може да ги прими сите верници, кои иако некои и на вратата, со внимание ја следеа Велигденската богослужба.
Што е многу изненадувачки, на Второто Воскресение, бевме посетени од телевизискиот канал 4 НБЦ кој е еден од најгледаните и беше пренесена пораката за воскресението Христово и преку медиумот, со коментар како Македонците го прославуваат Воскресението Христово. Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.
На крај ја користиме и оваа прилика на сите читатели на Преминпортал да им го честитаме Воскресението Христово, со желба за мир меѓу сите народи и љубов за Славата Божја
Христос Воскресе!
отец Ристо
На сите вас, што се грижите да се пренесува Словото Божјо преку Преминпортал, Ви го честитаме празникот на празниците Воскресението Христово со желба, Светлината Христова да свети усте повеќе во вашите души и тела и така просветени да работите уште повеќе за доброто на нашиот народ.