Традиционално, многуброен народ од Куманово се собра радосно да го прослави Христовото Воскресение во еден од најубавите храмови на Македонската Православна Црква—Св. Георгиј во Старо Нагоричане.
По примањето на „светлината на животот“ и трикратниот опход околу древниот храм, верниот народ присуствуваше на Воскресната Литургија и се причести со Светите Христови Тајни.
Како животоносен, како од Рајот попрекрасен,
навистина посветол од секоја царска одаја
се покажа, Христе, Твојот Гроб,
изворот на нашето Воскресение!
Известува: Б.Ѓ
Посети:{moshits}