Од 05.05 до 11.05. 2015, во Скопје, се одржува 27. Меѓународен саем на книгата. И оваа година, по трет пат, на него учествува Македонската Православна Црква - Охридска архиепископија со својата издавачка дејност. На штандот ќе бидат изложени поголемиот дел од црковните изданија. Саемот ќе биде отворен за посетители од 10:00 до 20:00 часот.
Повардарска епархија
Ве известуваме дека во рамките на третото учество на Македонската православна црква на годинешниот 27-ми МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА КНИГАТА, кој ќе се одржи од 05. 05. 2015 година до 11. 05. 2015 година на Скопскиот саем, Повардарската епархија ќе ги претстави сите свои изданија од своите две активни издавачки дејности „Св. Ѓорѓи Полошки“ и „Ѓаконија“. Сите изложени изданија на саемот ќе бидат со репрезентативни цени (намалени) во однос на редовните продажни цени на книгите. Покрај книгите, на штандот на Повардарската епархија ќе бидат изложени и беспалтни примероци од списанието на Повардарската епархија „Православна светлина“, како и примероци од илустрираната едиција „Библиски настани“. Ве покануваме да го посетите штандот на Македонската православна црква и да одберете некое од нашите изданија.
Извор: Повардарска епархија