Скопје,14-ти март 2015 г- Соборен храм Св. Климент Охридски, на празникот на преподобната маченичка Евдокија и преподобен Агапиј
На празникот на преподобната маченичка Евдокија и преподобен Агапиј,во Соборниот храм на св. Климент Охридски, презвитер Горан Стојчевски во сослужение на јеромонахот Наум, отслужи заупокоена Литургија. На Литургијата вениот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Cвети Григориј Палама
Постот претставува корен на секоја добродетел и почеток на исполнувањето на Божјите заповеди...Постот и воздржанието им користат не само на добродетелите, туку и на побожноста; бидејќи постот мора да е проследен со воздржанието. Зошто? Затоа што, заситеноста од јадењата е пречка за очистителната жал и тага по Бог и смирението на срцето, коишто несклоноста за покајание ја преобратуваат во спасоносно покајание. Ограничувањата во храната и сонот, како и воздржувањето на сетилата, го смируваат срцето и го тераат да жали за гревовите.
По Литургијата- СРЕДБА со старешината на Соборниот храм, отец Сашко Николоски.
Пријатно беше среќавањето со отецот и краткиот разговор со него на неколку теми,... за тоа колку сме сите ние подготвени да ги посетуваме богослужбите и да ги восприемаме духовните поуки и дарови кои ни се даваат, за позицијата на православните земји во меѓународните геополитички процеси итн. Му благодариме.
Preminportal (k.t.)